Дигитализација на јавните обвинителства и воведување е-инспектор, дел од мерките против корупцијата

Целосно дигитализирање на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, воспоставување на електронски систем за инспекцијата, е-инспектор, дигитализирање на книгите што ги води Управата за водење на матични книги, се дел од мерките кои Владата ги усвои согласно Планот за борба против корупцијата. 

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција посочи дека Влада и граѓаните се на иста страна во борба против корупација.

Според премиерот, овој план има за цел целосно да ја спречи корупцијата во државата. Една од мерките е и целосно дигитализирање на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Дигитализација, според премиерот, ќе го забрза процесот на решавање на предметите.

Секој правосуден предмет, порача, мора да има судска разрешница. 

–Влегуваме во целосно екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство како и Истражните центри во рамките на основните јавни обвинителства со оперативни истражни центри за сите 23 основни јавни обвинителства во државата заедно со основното јавнообвинителство за организиран криминал и корупција, рече тој. 

Според Заев, дигитализацијата и екипираноста на истражните центри ќе го забрзат процесот на решавање на предметите. 

 -Нема повеќе чување предмети по фиоки. Секој правосудски предмет мора да има брза разрешница. Започнува автоматизирање на поврзаноста и протокот на документи потребни за брзи постапки по предмети со препознаена корупција. Тоа ќе се случува преку усогласување на законите за дигитализација, рече Заев. 

Како што информира, ќе се воспостави и електронски систем за инспекцијата, е-инспектор кој овозможува електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под јурисдикција на инспекцискиот совет. 

Со овој систем, според премиерот, значително се елиминираат човечкиот фактор и субјективниот пристап во водењето на предметите.  Исто така, се воведува целосно дигитализирање на книгите што ги води Управата за водење на матични книги. 

Заев посочи дека граѓаните ќе можат електронски, не само да аплицираат туку на истиот начин да ги добијат изводите. Наскоро, најави тој, следува и укинување на вадењето изводи. 

 -Го усовршуваме функционирањето на системот на укажувачи за да го извлечеме максимално сето она што е законска можност преку јасен протокол за да ги заштитиме укажувачите. Сите институции мора да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитени внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. На овој начин ја подигаме свеста кај граѓаните и охрабруваме да пријавуваат случаи на коруптивно дејствување, рече Заев. 

 Тој додаде дека ќе се води интензивна и одговорна јавна комуникација за да обезбедат учество на граѓаните во ова заедничка борба. 

-Ако кој било граѓанин не е соодветно услужен или заради услугата која му следува е вовлекуван во корупција тогаш службеникот треба да биде пријавен итој ќе биде соодветно истражен како и соодветно казнет. Граѓанинот е секогаш на прво место, а ние сме тука за да служиме, рече премиерот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе