Дигитална детоксикација: Како да го избегнете стресот од социјалните мрежи?

Во време кога смартфоните се составен дел од нашите животи, спуштањето на телефоните без проверување на мејлови, твитување или допаѓање на фотографии се чини како невозможна мисија. Во продолжение прочитајте седум совети на експерти, за тоа како да го избегнете стресот предизвикан од социјалните мрежи.

Сите тие информации кои ни се на дофат, како и комуницирањето со кого било во кое било време, но и константното гледање во екранот, едноставно мораат да имаат негативни последици. Ако доживувате непотребен стрес, ви предложуваме да ги прочитате овие совети од експерти.

1. Бидете свесни за заразните проверувања на социјалните мрежи

Ако забележите дека сте влегле во рутина, во која постојано ги проверувате социјалните мрежи на патот кон работа, обидете се телефонот да го замените со интересна книга или едноставно погледнете околу себе и посветете го вниманието на околината.

2. Оставете го телефонот

Не мислиме дека треба да го оставите дома, бидејќи така можете да пропуштите важни повици и пораки. Меѓутоа, ако сте на ручек, оставете го телефонот во торба или на маса. Не го носете ниту во тоалет со себе.

3. Избришете некои апликации

Ако константното проверување на социјалните мрежи влијае на вашето расположение, размислете за бришење на апликациите на одреден период. Дури и краток одмор од седум дена може да ви помогне.

4. Држете ја главата горе

Сите се движиме и гледаме во телефоните, но дали мораме да постапуваме вака? Ако сте тргнале дома или дури патувате некаде, оставете го телефонот во торба.

5. Планирајте активности со кои не можете да користите телефон

Најдете си хоби. Одете во кино и оставете го мобилниот дома, или одете во спа центар. Излезете во природа, прошетките докажано го намалуваат стресот.

6. Направете група со поддршка

Соберете го друштвото и сите исклучете ги телефоните на една вечер, за да можете сите да се концентрирате едни на други. Дружењето со блиските пријатели го зголемува нивото на хормонот на љубов, а стресот поради социјалните мрежи константно го блокира лачењето на хормонот на среќа.

7. Телефонот не ви е пријател

Кога одите да јадете, не носете го со себе и телефонот, освен ако не очекувате некој важен повик. Во поголемиот дел од случаите тој повик и не постои, туку само многу пати се користи како изговор. Поради тоа, оставете го телефонот и разговарајте со вашето семејство за време на ручек.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе