Дигиталната иднина на образованието на Webit.Festival 2017

Технологијата брзо го менува светот околу нас, вклучувајќи го образованието и начините на едукација. Иако компјутерите преземаат голем дел од нашите дневни задачи, реалноста е дека потребата од едукација нема никогаш да исчезне, туку ќе заземе нов облик и ќе нè подготви да бидеме успешни во општеството на иднината.

Експертите предвидуваат дека една од големите промени во образованието ќе биде разноликоста во начините на учење, во различно време и на различно место. Тоа значи дека во блиска иднина, децата ќе го учат теоретскиот дел надвор од училниците, а практичните елементи ќе бидат учени директно, лице в лице.

Оваа година Webit.Festival Europe во Софија ќе собере повеќе од 300 говорници од целиот свет. Во текот на два дена (25 и 26 април ) тие ќе го споделуваат своето вредно искуство и знаење од најголемите компании во дигиталната индустрија, пред повеќе од 500 присутни индивидуалци од повеќе од 90 земји во светот.

Главната тема на настанот е „Промена на иднината на Европа“, а кој е подобар начин од ова, отколку преку квалитетно образование и развивање на вистинските вештини за потребните работни места во иднината.

За време на самитот Internet of Everything, Конрад Волфрам, директорот на стратешки развој во Wolfram Research, ќе зборува за тоа колку е голема потребата од разбирање на работни места, општеството и менаџментот во последниве неколку декади. Ќе зборува и за важноста на разбирањето на новата улога на компјутерите во општеството.

Норихиса Вада од Edulab ќе зборува за менување и одржување на однесувањето на индивидуалецот по позиција на ученик – мотивирање на луѓето, зголемување на нивната ефикасност и менување на нивните намери, верувања и желби. Според Вада, механизмите на видео игрите се одличен начин да се постигнат сите овие елементи. Тие обезбедуваат мотивација, моментален фидбек и безбедна околина за учење.

Оперската пејачка, композитор и директор на Wurrly, Надин Левит, ќе зборува за улогата на технологијата во образованието и како истата може позитивно да влијае на учењето во иднина.

Извршниот директор на Babbel.com, Маркус Вајт, ќе зборува за најновите трендови во учењето на јазици и промената на начините на кои комуницираме еден со друг.

Овде може да ја погледнете листата на говорниците на Webit.Festival, а овде може да се информирате за билетите за настанот.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе