Дијалог – Центарот за делиберативна демократија одржа промоција на студијата „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија“

Вчера, 25 октомври 2018, во хотел „Холидеј Ин“, ДИЈАЛОГ – Центарот за делиберативна демократија од Прилеп ја презентираше студијата на тема „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија“ од авторките д-р Јосипа Ризанкоска и доц. д-р Јасмина Трајкоска.

Студијата е изработена во рамките на проектот „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците”, кој пак е дел од шемата за подгрантирање на проектот „Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) во сенка: промовирање на креирање политики базирани на докази”, финансиран од Европската Унија, а во имплементација на Институтот за Демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за економски анализи (ЦЕА). 

Главната цел на студијата беше да утврди во која мера Предлог-законот за употреба на јазиците го решава проблемот со унапредувањето на употребата на јазиците на немнозинските заедници во Македонија. Специфичната цел беше да ги утврди капацитетите на граѓаните и граѓанскиот сектор за учество во процесите на креирање политики, следствено во ПВР. На промоцијата учествуваа и Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, доц. д-р Наталија Шикова, д-р Беким Кадриу и г-ца Габриела Димовска од Центарот за Економски Анализи. 

Доц. д-р Трајкоска констатира дека е потребно „унапредување на потребата на јазиците на немнозинските заедници во Македонија, но заклучуваме дека во оваа форма и на ваков начин оваа регулатива не би била соодветна јазична политика што го решава проблемот. Затоа препорачуваме прашањето за употреба на јазиците да се решава исклучиво преку методот за проценка на влијанието на регулативата со комбинација на регулаторни и нерегулаторни мерки, со што би се овозможило паралелно менување и подобрување на регулативите од една страна и покревање на свеста за учење на јазикот на другиот и менување на политичката култура од друга страна“.

Се заклучува дека граѓаните и граѓанските организации немаат капацитети за вклучување во процесите на ПВР, а од друга страна самата пракса на исклучување на засегнатите страни од консултативните процеси (вклучително и во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците) придонесува за пасивен граѓански сектор.  Генералната оцена на граѓаните за Законот е негативна. Граѓаните сметаат дека содржината, уставно правните аспекти од донесувањето на законот и нивното мислење за концептот на мултикултурализмот влијаеле најмногу за креирањето на нивните ставови, додека етничката припадност и мислењето за политичките партии кои го донесоа законот имале најмало влијание. Статистичката анализа на корелации го докажува спротивното, етничката припадност и афилијација најдобро статистички го објаснуваат степенот на поддршка за Законот. 

„Граѓаните сметаат дека ова прашање ќе ги зголеми етнонационализмите кај сите етнички групи. И двете заедници ги вперуваат прстите кон другата заедница. Албанците мислат дека Македонците повеќе би се радикализирале, додека Македонците мислат тоа би се случило кај Албанците, со напомена дека Македонците се поголеми песимисти во однос на ова прашање“, истакна д-р Ризанкоска.

Како одговор на поделеното јавно мислење по однос на улогата на Претседателот на Собранието како истовремено и конструктивна и неконструктивна Претседателот Џафери изјавува: „Кога ја презедов функцијата Претседател на Собранието знаев во какви услови ќе делувам. Јас сум расчистил со себе меѓу личното јас и мојата обврска. Ако не можете да го одвоите личното од институционалното, имате проблем. Моја цел е да ја спроведам волјата на мнозинството во Собранието. Ако сум пред дилема, избирам функционалност. Нема дебата со ултиматум. Ултиматумот е најубиственото средство во политиката. Затоа немав дилема кога требаше да одберам меѓу блокада или функционалност.“

Доц. д-р Кадриу одговори позитивно на сите три главни прашања кои излегуваат од јавната дебата во однос на оваа регулатива: дали Законот беше потребен, дали има правна основа и дали постои политичка и правна волја за истиот? Доц. д-р Шикова ја истакна важноста на ПВР методологијата за донесување квалитетни регулативи и укажа на незадоволителното ниво на почитување на истата во македонските процеси на креирање политики. 

Студијата преведена на македонски, албански и англиски јазик може да ја преземете од страната на проектот „Проценка на влијание на регулативата за употреба на јазиците“: 

https://pvrupotrebanajazicite.cddd.org.mk/mk/finalna-studija/ https://pvrupotrebanajazicite.cddd.org.mk/final-study/

*Промотивен текст

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе