Дијана Ѓоковиќ откри зошто децата на Новак не се крстени

Децата на Новак Ѓоковиќ, Тара и Стефан, растат безгрижно додека за нив се грижат родителите, како и остатокот од семејството. Тие двајца се центар на внимание за тенисерот и неговата сопруга Јелена, но и за мајката на Новак, Дијана, и таткото Срѓан.

Бидејќи најдобриот српски тениски шампион е многу побожен, за што сведочат зборовите на неговата мајка во емисијата „Dok anđeli spavaju“, многумина се изненадија кога таа откри дека нејзините внуци, децата на Новак и Јелена, не се крстени. Сепак, како што објасни таа, причината за тоа е многу рационална и има голема тежина.

Имено, Новак и Јелена сакаат да почекаат уште малку да пораснат нивните деца пред да направат таков чекор во нивниот духовен развој.

„Јас сум горда на него. Секој би го ставил успехот над духовниот мир. Новак е многу благодарен. Тој е благодарен за сè што постигнал, а тоа сè е вонземно. Се држи до своите принципи и верувања, тоа го прави човекот, го прави него“, започна Дијана во споменатата емисија и додаде:

„Новак го носи осветениот крст што го доби на Хиландар, што му дава сила. Таму помина три дена, тоа за него е многу важно искуство. Тој е многу духовно суштество, се крстеше кога имаше пет години и сериозно го сфати тој чин. Има нешто во себе. Постојано го прашувам кога ќе ги крсти децата, а тој ми вели 'кога ќе можат да го разберат чинот на крштевањето'. Тој сака Тара и Стефан да бидат свесни дека се крстени“, изјави Дијана.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе