ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ДИК: Членовите на избирачките одбори ќе добијат за 100% повисок надоместок

Државната изборна комисија на дешената седница едногласно донесе одлука за 100 проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари.

– Предложивме нашиот Правилник којшто го донесовме уште во февруари да го измениме заради новонастанатата ситуација со крактите рокови со коишто се соочивме со неколкукратното одложување на предвремените парламентарни избори, но и ковид-ситуацијата која што сериозно можеше да влијае врз здравјето пред сѐ на гласачите, а со оглед дека станува збор за членови на изборни органи коишто учествуваа во спроведување на изборите, нагласи членот на ДИК, Елизабета Постоловска.

Таа рече дека едногласно се согласиле надоместокот на членовите на избирачките одбори да биде зголемен за 100 проценти со оглед на тоа дека тие биле најдиреткно изложени на контакт со гласачите и биле изложени на најголем ризик за нивното здравје.

– Исто така го зголемивме надоместокот за 20 проценти на членовите општинските изборни комисии заради организација и успешно спроведување. Ќе ги спомнам и здравствените работници, оние што не се откажаа да бидат членови во посебните избирачки одбори, коишто беа свесни за нивната општествена и хумана одговорност, па според тоа успешно го спроведоа гласањето на лицата во изолација и ковид-болни, па поради тоа во нашиот правилник предвидовме нивниот надомест да биде ист за сите, 6.000 денари, односно во висина на најголемиот надомест којшто ќе го земе претседател на изборен орган, нагласи Постоловска.

Таа истакна дека сумите не се награда за сработеното, тука се реален надомест за секој учесник во изборниот процес во рамки на неговите обврски и надлежности, што ги сработил успешно и професионално согласно тешките здравствени аспекти.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски посочи дека сумите што се определени не отстапуваат од буџетскиот лимит, со оглед на тоа што се заштедени средства од предвидените за гласањето на дијаспората, како и за јавни набавки.

Тој уште еднаш нагласи дека техничкиот проблем што настана ноќта кога се објавуваа изборните резултати во никој случај не влијаел на изборните резултати.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе