Избори 2016

ДИК ги констатираше кандидатските листи, исклучени контроверзни имиња од СДПМ

14. ноември 2016 - 8:41 | Макфакс

Државната изборна комисија (ДИК) вчера ги констатираше дванаесетте кандидатски листи на партии и коалиции, освен кандидатурите на Бранко Јаневски и Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) во изборните единици еден и три.

Така, Стево Продановски нема да му биде противкандидат на Стево Пендаровски во „единицата“, а ниту Љупчо Николовски од СДПМ на Љупчо Николовски од СДСМ. Овие две листи предизвикаа намногу дискусија и сомневања во ДИК дека станува збор за обид да се измамат гласачите поради сличноста во имињата и презимињата на кандидатите, за што партијата беше сомничена и на поранешни избори.

Лидерот Бранко Јаневски има право на жалба до Управен суд за листите. Во другите изборни единици листите на СДПМ беа прифатени, така што на потпретседателската на СДСМ, Радмила Шекеринскаво петтата изборна единица противкандидатка ќе ѝ биде Радмила Шукуровска од СДПМ, за што исто така имаше реакции.

Другите проблематични листи минаа без дискусија на седницата на ДИК вчера вечерта.

Коментирај