ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми

Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово.

Денеска гласаат и болните и изнемоштени лица и луѓето коишто се сместени во Казнено-поправните установи, што значи вкупно некаде околу 11 илјади лица ќе го искористат своето право на глас.

– До пладне, до овој момент немаме пријави за никакви инциденти и денот се одвива навистина мирно што исклучително ме радува затоа што очигледно расте граѓанската свест кај нашите граѓани за своето право и обврска да излезат на избори и да го искористат своето право на глас. Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви проблеми и дека овој ден ќе заврши исклучително мирно и тоа во услови на пандемиска криза COVID-19 каде што организациски беше многу тешко да се направат максимални напори да се организира овој процес, но еве на крајот гледате дека навистина се одвива добро, изјави Дерковски.

Гласањето во старските домови првпат се одвива во нашата држава, со што постарите сограѓани за првпат официјално имаат право да го остварат своето гласачко право во онаму каде што се сместени.

– Навистина ми е драго што присуствував на овој настан затоа што исклучително добро е организирано ова гласање. Во 17 домови за стари лица низ нашата држава се одвива ова гласање и досега имаме информација дека се одвива одлично без никакви проблеми, изјави Дерковски. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе