ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ДИК: Излезноста до 13 часот е 23,81 отсто

Скопје, 15 јули 2020 (МИА) – До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција.

Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Третата изборна единица, а најмала во Шестата изборна единица.

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 27,09 отсто, во Втората изборна единица 21,64, во Третата 28,92, во Четврата 27,45, во Петтата 23,11 и во Шестата изборна единица 15,58 отсто.

До ДИК до овој момент, како што информира Шабани, нема пристигнато никаков приговор или најава за нерегуларности.

Најголема излезност во Првата изборна единица има во Карпош – 31,25 отсто и во Аеродром – 30,15 отсто.

Во Втората изборна единица се издвојува Македонски Брод каде излезноста е 35,04 отсто, како и општините Гази Баба – 22,88 отсто и Ѓорче Петров – 28,54 отсто.

Во Третата изборна единица поголема излезност е забележана во Крива Паланка – 41,07 отсто, Пробиштип – 35,29, Пехчево-33,02 и Берово – 32,49 отсто.

Во четворката најголема излезност има во Неготино-33,42 отсто и во Прилеп – 32,47 отсто, додека во петката излезноста е најголема во Вевчани – 39,86, како и во Крушево-37,84 и Битола со 31,19 отсто.

Во Шестата изборна единица се издвојува Тетово со 19,11 отсто и Општина Јегуновце со 17,05 отсто.

На парламентарните избори во 2016 година одзивот до 13 часот излезноста била 34,37 отсто, односно гласале 601.230 гласачи, а на претседателските избори лани до 13 часот одзивот бил 20.52 отсто или гласале 369.201 лице со право на глас.

Следната прес-конференција на ДИК е закажана во 15:30 часот.

Велес

Од вкупно 45.989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список, до 13 часот гласале 13.226 гласачи или 28,76 проценти на 84 избирачки места во Општина Велес.

Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија, изјави дека на сите 84 гласачки места гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера.

Дебар

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува во мирна, фер и демократска атмосфера, со постепено зголемување на одѕивот на гласачи, потврдија за МИА претсдателите на општинските изборни комисии.

-Во нашата општина до 13 часот правото на глас го остварија 3.011 лица или 16,4 отсто од вкупно запишаните 18.764 во единствениот избирачки список. Гласањето минува без проблеми. Се надеваме дека така ќе мине целиот изборен ден, вели Елмира Бакали претседателката на ОИК Дебар.

На последните избори до 13:00 часот одзивот бил околу 18 отсто или правото на глас го оствариле 3.259 гласачи.

Во Општина Центар Жупа од вкупно 7.061 лице со право на глас, гласале 677 или 9,59 отсто. Споредено со последните избори оѕивот е повисок за нешто повеќе од четири отсто.

И двајцата додаваат дека членови на Општинските изборни комисии вршат обиколка по избирачките места, со цел од блиску да се запознаат со изборниот процес.

Куманово

Според податоците на Државната изборна комисија, во Куманово излезноста до 13 часот e 22,16 отсто, во Липково 17,01, а во Старо Нагоричане 20,75 отсто.

– Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи, информираше денеска претседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски. Изборите ги спроведуваат 167 избирачки одбори.

Претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари информираше дека во општината право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места. Претседателот на ОИК Старо Нагоричани, Драган Јовановски, информираше дека право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори.

Гостивар

Според последните податоци до 13:00 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 17.957 граѓани. Најголем одзив има во општина Гостивар, каде вкупниот број избирачи е 79.945, а гласале 13.264, што е приближна излезност од 16,59 отсто.

По селата во подшарпланинскиот регион, во општина Врапчиште на гласање излегле 3.307 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста е достигна 12,76 отсто.

Во најмалубројната општина која од оваа година е во 5ИЕ Маврово и Ростуше на гласање излегле 1.386 од вкупно 9.996 избрачи што е приближно 13,87 отсто.

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес.

Тетово

Според последните податоци до 13:00 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 17.957 граѓани. Најголем одзив има во општина Гостивар, каде вкупниот број избирачи е 79.945, а гласале 13.264, што е приближна излезност од 16,59 отсто.

По селата во подшарпланинскиот регион, во општина Врапчиште на гласање излегле 3.307 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста е достигна 12,76 отсто.

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес.

Охрид

На предвремените парламентарни избори денеска до 13 часот во Охрид на гласање излегле 28,27 отсто од лицата со право на глас.

Излезноста до 13 часот во Општина Дебрца изнесува 25,57 проценти, а во Струга 16,61 отсто.

Според информациите од ОИК на трите општини, гласањето се одвива непречено, без какви било направилности во фер и демократска атмосфера.

Тиквешки регион

Неготино е општината од Тиквешијата во која најголем дел од избирачите излегле да гласаат до 13 часот, односно 33,44 проценти од лицата со право на глас кои се појавиле на избирачките места.

Демир Капија бележи 31,54 отсто излезеност на предвремените парламентарни избори до 13 часот, а Кавадарци 31,9 проценти. Во Росоман, за овој пресек е евидентирано дека  23,36 отсто од избирачите, го оствариле своето право на глас.

Според претседателите на општинските изборни комисии од овие општини, засега гласањето тече без проблеми и со преземени мерки за превенција и заштита од коронавирус.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе