Државната изборна комисија ги објави неофицијалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори, што се одржаа вчера во земјава.
Имено, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и други 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица 2 мандата и ДПА 1 мандат.