ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно ги прифати барањата за акредитации за четири набљудувачи на предвремените парламентарни избори од Организацијата за зашита на човековите права и од Државната централна комисија на Косово.

Членовите на ДИК ги разгледаа и не ги усвоија приговорите за заштита на лично право за гласање поднесени од Игор Настов и Петар Николов. Овие лица поднеле барања до ОИК, биле одбиени и за нив потоа одлучува ДИК.

Членовите на ДИК имаа поделени мислења. Елизабета Постоловска информира дека Настов поднел приговор зошто ОИК Росоман го одбила неговото барање за гласање во домашни услови поради позитивен тест на COVID-19 со образложение дека барањето било надвор од рокот, кој беше 8 јули 2020. Приговорот бил поднесен на 9 јули 2020. Настов како приговор навел дека „со тоа што апликацијата на ДИК не е усогласена со реалното време, ми е одземено правото на глас“. Во прилог доставил скрин принт каде се гледа дека апликациајта се затворила пред време.  Постоловска смета дека треба да се уважни приговорот.

Борис Кондарко, пак, рече дека има сомнежи за двата приговора и ќе гласа против. Не обвини и не прозва никого. Посочи дека иако се работи за две физички лица, тие доставиле исти докази – слика од нивните мобилни телефони. Смета дека се работи за вербални наводи, нема факти и докази и оти приговори се задоцнети. Сомнително и симптоматично, според него, е тоа што за двата приговара скрин принтот од телефоните, процентот на батеријата на телефонoт и времето е потполно исто.

Потпретседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху предложи нивните стручни служби да проверат дали навистина апликацијата е предвреме затворена, дали имало проблеми со апликацијата и да дадат образложене, заедно со правната служба. Но, членовите на ДИК не го прифатија нејзиниот предлог.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе