Филм & ТВ

Дикаприо и Де Ниро ќе глумат заедно во новиот филм на Мартин Скорсезе

21. јануари 2020 - 17:58 | М.С.

Новиот филм на Мартин Скорсезе ќе го носи насловот „Killers of the Flower Moon“, a во овој филм ќе ги гледаме легендарните Леонардо Дикаприо и Роберт де Ниро.

Роберт де Ниро е годинашниот добитник на наградата за животно дело на Американското здружение на филмските актери, а наградата му ја додели Дикаприо со кој последен пат глумеа во 1993 година, во филмот „This Boy's Life“.

Дикаприо, пред да му ја врачи наградата, зборуваше за плодната соработка на Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе. Нивното последно дело, филмот „The Irishman“ е номиниран за Оскар во категоријата најдобар филм.

Филмот ќе биде базиран на вистински настан.

- Новиот филм на Скорсезе ќе биде правен според книгата на Давид Гран, „Killers of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI“, пренесува UNILAD.

За Дикаприо ова ќе биде шестиот филм кој го снима со Скорсезе.

Коментирај