Дилета Леота, една од најубавите спортски новинарки во Италија, преку својот Instagram профил ја сподели најубавата можна вест.

Италијанката објави дека со поранешниот голман на Ливерпул, а сега на Њукасл, Лорис Кариус, го очекуваат првото дете.
„Мораме да ви кажеме нешто... Дали можеби знаевте? Уживаме! Јас и мојот стомак... Наскоро ќе бидеме тројца“, напиша Дилета на својот профил.
Ова ќе биде прво заедничко дете на парот, а водителката не откри дали чекаат девојче или момче.