Џим Кери откри со кој режисер отсекогаш сакал да работи

Џим Кери е познат по своите необични и хумористични улоги, а неговата кариера која се протега повеќе од 30 години ја одбележаа различни незаборавни ликови.

Неговата способност да ги оживее најчудните ликови со речиси „еластичното“ лице го направи омилен меѓу публиката.

Во How the Grinch Stole Christmas Кери создаде своја верзија на ликот на Гринч, додека неговата најемотивна изведба беше во Eternal Sunshine of the Spotless Mind, каде ги покажа своите драмски способности.

Исто како Кери, режисерот Тим ​​Бартон е познат по својата љубов кон бизарни и необични работи. Неговиот готски стил, кој комбинира елементи на хорор со хумор, е препознатлив во филмовите како Beetlejuice (1988) и Edward Scissorhands (1990). Бартон често работи со актери како Џони Деп и Хелена Бонам Картер, а тоа што Кери се нема појавено во неговите филмови се чини дека е вистинска штета.

Кери изрази восхит кон Бартон, изјавувајќи: „Отсекогаш сум сакал да работам со Тим Бартон. Генијален е“.

Кери и Бартон речиси се здружија за проектот Ripley's - Believe It or Not, кој ќе ја раскаже приказната за основачот на серијата, Роберт Рипли, и неговите авантури во потрага по необичности. Но, незадоволството од сценариото го запре проектот, а Бартон се повлече од функцијата режисер во 2008 година.

И покрај тоа што не работеле заедно, и двајцата сè уште се активни во индустријата.

Продолжението на Beetlejuice на Бартон веќе игра во кината, додека Кери ќе го видиме во Sonic the Hedgehog 3.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Филм & ТВ

Дали третата сезона на And Just Like That... ќе ја донесе возбудата што ја чекавме?

Read more

Филмот сепак нема да биде крај на Peaky Blinders: Серијата ќе добие седма сезона

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Дали третата сезона на And Just Like That... ќе ја донесе возбудата што ја чекавме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот сепак нема да биде крај на Peaky Blinders: Серијата ќе добие седма сезона

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Читај повеќе
  • filter

Заврши 30. Моден викенд Скопје: Бастион на новите идеи и дом за вљубениците во модата

Читај повеќе
  • play_arrow

Виз Халифа верува дека Земјата е рамна

Читај повеќе
  • filter

Од писта до публика: Како Моден викенд Скопје ја слави индивидуалноста?

Читај повеќе

Јубилејна 30. сезона на FWSK: Скопје знае што е мода

Читај повеќе