Џим Парсонс, ѕвездата на познатиот ситком The Big Bang Theory, во едно неодамнешно интервју откри дали би сакал да се врати во серијата доколку се случи рестарт.

Серијата The Big Bang Theory се емитуваше од 2007 до 2019 година и на Парсонс му донесе четири награди Еми и еден Златен глобус. Во серијата, актерот го толкуваше физичарот Шелдон Купер, кој живее и работи во градот Пасадена, Калифорнија, а е придружуван од пријателите Леонард Хофстадтер (Џони Галецки), Хауард Воловиц (Сајмон Хелберг), Раџ Кутрапали (Кунал Најјар), Пени (Кејли Куоко), Бернадет Ростенковски (Мелиса Раух) и неговата девојка Ејми Фара Фаулер (Мајим Биалик).
Ликот на Шелдон Купер беше толку популарен што во 2017 година, The Big Bang Theory доби спин-оф за детството на Шелдон, наречен Young Sheldon. Парсонс се појави во последната епизода од спин-офот, која се емитуваше во мај оваа година.
Пред емитувањето на последната епизода од спин-офот, познатиот актер гостуваше во емисијата Who's Talking to Chris Wallace?, при што водителот го праша дали е заинтересиран да се врати во серијата која му донесе светска слава. Ситком ѕвездата ја изненади публиката со својот одговор.
„Како што сега стојат работите, не. Но, никогаш не велам никогаш, бидејќи знам колку животот може да се промени“, објаснил Парсонс, пренесува LADbible. „Работата е што таа серија беше толку посебна, и велат дека е вистински скапоцен камен со причина. Зошто би направиле рестарт кога можеме да бидеме сигурни дека нема да биде толку успешно?“