Кошарка
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2021

Димитријевиќ: Естонија ќе падне ако одиграме тимски

20. февруари 2020 - 13:11 | Ф.З.

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ги почнува квалификациите за пласман на Евробаскетот 2021. Ни гостува Естонија.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров денеска од 20.15 часот во „Борис Трајковски“ салата во Скопје ќе го имаат првиот и воедно, можеби најважен натпревар во новите квалификации.

Плејмејкерот Ненад Димитријевиќ, кој настапува за каталонскиот тим на Жувентуд во шпанската лига, смета дека репрезентацијата може да дојде до посакуваните два бода само со тимска игра. Тој заработи и повреда, но може да игра и ќе стисне заби.

„Повредата дојде во незгоден момент, бев под еден посебен третман, но ќе играм вечерва против Естонците. Мислам дека клучно за овој меч ќе биде да одиграме колективно, Естонија можеме да ја победиме само ако одиграме како екипа, да си помагаме на теренот“, Вели Ненад за веб-страницата на КФМ.

„Знаеме дека играат брза кошарка. Јас сум навикнат на такво нешто од настапите во Шпанија и во Еврокупот. Можеме да им одговориме на вистински начин и да стигнеме до посакуваната победа“, смета 21-годишниот репрезентативец.

Цената на билетите за вечерашниот натпревар е симболични 100 денари, а сите средства од продажбата на истите ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Можат да се набават и онлајн.

Коментирај