Димитров: Целта се европските вредности, а не формалното членство во ЕУ

Лондон, 9 јули 2018 (МИА) - Првото големо ветување на актуелната македонска Влада минатата година беше дека ќе ја воведат Македонија во Европа. Меѓутоа, крајната цел за Македонија не е формално членство кон ЕУ, туку таа да стане вистинска европска земја со вредности како што се слобода на медиуми, независно судство, активно граѓанско општество, одговорни политчари.

Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на панел сесијата „Иднината на Берлинскиот процес“, во рамки на петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан, што се одржува во Лондон под покровителство на британската премиерка Тереза Меј.

„Треба да се фокусираме и подготвено да работиме на тоа. Во првата недела на нашата Влада одлучивме парите од даночните обврзници да не ги користиме во маркетиншки цели, по што медиумскиот пазар целосно се промени“, рече Димитров.

Тој оцени дека за владеење на правото треба повеќе време и оти тоа не зависи исклучиво од Владата, туку оти е неопходно да се имаат судии од интегритет, независно судство, Парламент...

„За некои од тие работи ќе биде потребно време, но клучна е политичката волја и ние ја имаме“, порача шефот на македонската дипломатија.

Димитров истакна дека без успешен регион, нема ниту успешна Македонија.

Компромисното решение за името го оцени како голема можност за регионот и додаде дека треба да се поддржуваат добрите вести.

Земјите од Западен Балкан мора да се приближат кон стандардите на ЕУ и во целост да ги усвојат европските вредности, бидејќи од тоа зависи успешниот развој на регионот, беше пораката на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на Самитот во Лондон.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more
 

Вести

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе