Димитров: Честитките од Италија во време на тешки моменти е доблест и доказ за цврстото пријателство

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше телефонски разговор со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо, на барање на италијанска страна, соопшти МНР.

Ди Мајо му честиташе на Димитров за позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија, истакнувајќи дека и покрај тешките моменти во кои се наоѓа неговата земја, сака да им честита на македонските граѓани за овој долгоочекуван успех.

Димитров заблагодарувајќи му се на својот италијански колега за континуираната поддршка, но пред сѐ за вниманието и посветеноста која ја добиваме од Италија токму во нејзините најтешки моменти предизвикани од пандемијата, потенцираше дека ова значајно постигнување за Северна Македонија е истовремено и успех на Италија и на самата Унија.

Изрази длабоко сочувство до италијанските граѓаниѐза големиот број жртви и упати желби за поскоро оздравување на оние кои се уште се борат со болеста, како и за што поскоро надминување на сите предизвици со кои се соочува Италија во овие тешки мигови.

– Да се честита успехот на пријателите во време кога самите проаѓате низ исклучително тешки моменти, не само што е голема доблест, туку и доказ за цврстото македонско-италијанско пријателство, оцени шефот на дипломатијата Никола Димитров по телефонскиот разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

реклама

„Исцелител“ вечерва премиерно на МРТ

Read more

Новите заразени со COVID-19 во Скопје се од Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Карпош 1 и од Аеродром

Read more

Кинеска вакцина против COVID-19 испитана врз луѓе е безбедна и ефикасна

Read more

Во најдлабокиот рудник во светот заразени 164 рудари со коронавирус

Read more

Македонија

Јовески: Пандемијата со COVID-19 одлага одредени дејствиjа по предметите на СЈО

Read more

Новите заразени со COVID-19 во Скопје се од Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Карпош 1 и од Аеродром

Read more

Нови 37 заразени, нема починати од COVID-19

Read more

Филипче: Утрово го посетив Иван, изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и јавноста

Read more

Вести

Во најдлабокиот рудник во светот заразени 164 рудари со коронавирус

Читај повеќе

Јовески: Пандемијата со COVID-19 одлага одредени дејствиjа по предметите на СЈО

Читај повеќе

Почина затвореник од КПУ Идризово

Читај повеќе

Новите заразени со COVID-19 во Скопје се од Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Карпош 1 и од Аеродром

Читај повеќе

Најмалку 10 физички пресметки и нарушувања на јавниот ред и мир во 24 часа

Читај повеќе

Шведски епидемиолог: Требаше порано да се затвориме

Читај повеќе

Во Словенија четири дена по ред нема новозаразени со коронавирус

Читај повеќе

Објавена снимка од падот на патничкиот авион во Карачи

Читај повеќе

Нови 37 заразени, нема починати од COVID-19

Читај повеќе