Димитров: Очекуваме позитивен извештај од ЕК и одлука за преговори до крај на годината

Скопје, 28 мај 2019 (МИА) –  Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан во Братислава истакнал дека утре очекуваме позитивен извештај од Европската комисија и политичка одлука за отворање на преговорите до крајот на годинава.

„Утре очекуваме позитивен извештај од Европската Комисија што реално ќе го отслика пресвртот што Северна Македонија успеа да го постигне во изминатиот период. Како дома, преку унапредување на состојбите во клучните области и демократските процеси, така и надвор преку договорите со Грција и Бугарија. Потоа очекуваме политичка одлука за отворање на преговорите до крајот на годинава. Тоа не значи дека очекуваме и сме спремни да станеме членка денес или утре. Туку значи само отворање на следната фаза; почеток на новата етапа од нашиот европски пат кој се разбира дека ќе биде долг и ќе бара уште многу работа. Но е почеток кој е заслужен и неопходен за нашата европска иднина!“, рекол Димитров во излагањето на состанокот, соопшти Министерството за надворешни работи.

На министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан е реафирмирана посветеноста на Вишеградската група за натамошна поддршка на евроатлантската интеграција на земјите од регионот и во пресрет на објавувањето на годинешните Извештаи на Европската комисија, заеднички е констатирана потребата Европската унија соодветно да го препознае напредокот што регионот и особено Република Северна Македонија, го постигна во изминатиот период.

На состанокот важен акцент  е ставен и врз значењето на евроинтеграцискиот процес како клучен поттик за забрзани реформи и напредок на земјите од Западниот Балкан, но и натамошна консолидација на Балканот во постојниот сложен геополитички контекст.

Годинешниот состанок во Братислава се одржа во рамките на Словачкото претседателство со Вишеградската група, каде централна тема на дискусија беше унапредување на реформскиот и евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан и научените лекции. Дополнително, се разговарало и за заедничката европска иднина во новиот геополитички контекст.

„Министерот Димитров во излагањето се заблагодари на поддршката од нашите партнери од Вишеградската четворка и главно се задржа на важноста од одржување на отворена европска перспектива за Регионот преку објективно препознавање на постигнатиот напредок. Притоа укажа дека овој процес е двостран, односно дека земјите аспиранти мора континуирано да работаат, да се подобруваат и да испорачуваат позитивни резултати, а ЕУ треба постигнатиот напредок адекватно да го вреднува преку процесот на пристапување“, се вели во соопштението.

Димитров, посочил и дека процесот на внатрешна интеграција на Унијата треба да оди паралелно со процесот на натамошно проширување со земјите од регионот. – Европски Балкан е пред се’ интерес на нас земјите од Регионот, но и неспорен интерес на ЕУ. Ние во регионот мораме засилено да работиме кон една позитивна динамика, каде успехот ќе инспирира повеќе успех и добри вести. Истовремено важно е ЕУ да го препознава постигнатиот успех и да го оддржува процесот жив и кредибилен. На овој начин можеме заеднички да успееме и да направиме разлика, навел Димитров.

На маргините на состанокот В4 – Западен Балкан, министерот Димитров остварил разговори со домаќинот Мирослав Лајчак, министерот за надворешни работи на Словачка и другите присутни колеги, како и одвоени билатерални средби со шефовите на дипломатиите на Унгарија, Петер Сијарто и  на Албанија, Гент Цекај.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе