Димитров: Парадокс е земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик

Скопје, 21 ноември 2018 (МИА) – „Иронија е и парадокс земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик. Македонија во решавањето на случајот со унгарските власти ќе инсистира на почитување на владеење на правото и ќе ги земе предвид сите национални интереси вклучувајќи и интересот за добри односи со Унгарија“, рече на денешната заедничка прес-конференција во МНР шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со неговиот дански колега Андерс Самуелсен.

– Мислам дека во речниците случајот за Груевски може да се води под иронија и парадокс, бидејќи се работи за човек под чие што владеење Европската комисија ја дефинираше Македонија како заборена држава и имаме заклучок од Советот за општи работи од јуни годинава каде се бара правна разврска и одговорност за индициите за кривични дела што произлегуваат од прислушкуваните разговори поддржан иод Европскиот совет. И сега Македонија како земја кандидат прави се во Македонија да владее правото и навистина е иронија и парадоксално што човек што има пресуда, осуденик којшто се соочува и со четири други обвиненија и со пет истраги да најде заштита и добие азил во земја членка. Ова е проблем за Македонија, меѓутоа е проблем и за ЕУ и за кредибилноста на принципот на владеење на правото во ЕУ. Ние имаме еден сложен терен сега и ќе ги земеме во предвид сите наши интереси меѓу кои и интересот за добри односи со Унгарија во решавањето за тоа што ќе правиме и како ќе правиме, рече Димитров.

Најави дека со неговиотунгарски колега Петер Сијарто ќе имаат средба на маргинитена министерскиот состаок на НАТО на 4 и 5 декември, на којшто отворено ќе разговараат за овој случај.

Во врска со судењето на Груевски нагласи дека тоа беше следено од ОБСЕ, од претставници на ЕУ и никогаш не добиле поплака, а неодамна Стејт департментот го окарактеризира како фер и транспарентно судење и оти не е доведен во прањето кредибилитетот на процесот.

-Немаме никаква пријава во МВР за закана по живот. Груевски имаше шест обезбедувачи по негов избор согласно Законот. Ако имаше несигурност можеше да побара уште. Така што, по сево ова ние мораме да продолжиме да инсистираме ниту за нас, ниту за Европа, ниту за Унгарија е добро кога има неселективна правда, рече Димитров.

Данскиот министер за надворешни работи Самуелсен истакна дека за случајот со Груевски бил информиран денеска на разговорите со Димитров и на темава ќе разговара со унгарскиот министер за надворешни работиа Сијарто на средбата во петок во Копенхаген.

Запрашан дали постои опасност и други земји да го следат овој пример на Унгарија да ги прифатат нејзините приговори во однос на состојбата со правосудството и да не блокираат на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, Димитров рече дека Македонија ќе инсистира на своите принципи и државниот интерес.

-Не се што се случува е по наша волја. Наше е да инсистираме на принципите да објаснуваме. Кој било што ја следел ситуацијата во Македонија и сите извештаи од 2015, наваму ќе знае да процени, а тоа меѓу другото и се случува (изјавата на Хан и ставот на Вашингтон). Ќе работиме на тоа да се држиме до нашите принципи и нашиот државен интерес, вели Димитров.

Според него, никој нема корист кога не се почитува владеењето на правото и убеден е дека со оглед на оценките за тој процес нашиот кредибилитет е многу цврст по ова прашање.

-Принципот на владеење на правото е силен државен интерес и тој ќе биде земен предвид при сите идни контакти и чекори што како дипломатија ќе ги направиме со Унгарија. Меѓутоа, да најавувам нешто апсолутно ќе штети на самиот интерес. Ние имаме интерес Унгарија да не поддржи за НАТО членство, за почеток на пристапни преговори. Така што сето ова заедно мора да се земе предвид и треба практично да ги убедиме дека и за нив е голем минус да се прави компромис со принципот на владеење на правото, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе