Димитров: Сè уште нема препорака за затворање на границите со Србија и Косово

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека сè уште нема конечна препорака на Комисијата за заразни болести во врска со затворањето на границата со Србија и Косово.

-Има некои комплексни сложени ситуации во смисла на транзит, на ПЦР тестовите, некои информации недостигаат. Ќе биде важно да се продолжи со оваа консултација бидејќи сите одлуки што ние или било кој во регионот и ЕУ ги носи во однос на границите се пред сè водени од здравствен аспект. Нема политика, нема пријателство, главната калкулација е епидемиолошката слика, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање по претставувањето на идејата за „Преспа форум за дијалог“.

Доколку денеска нема јасна препорака, додаде тој, треба да се продолжи со разговор за да се донесе одлука. Според него, се следи каква е состојбата во сите соседни земји.

Во врска со забраната за македонските граѓани за патување во земјите од ЕУ до исполнување на просекот од 20 нови случаи на 100 илјади жители во последните 14 дена, што би значело дека треба за тој период да има помалку од 400 новозаразени со COVID-19, Димитров истакна дека доколку сите се придржуваме кон мерките побрзо ќе стасаме до исполнување на тој услов, кој, како што посочи, е еден од трите, согласно кои ЕУ ја формира белата листа за патување.

-Три клучни критериуми се битни за ЕУ во врска со белата листа за слободно патување. Со тоа што и во ЕУ ситуицијата се менува и не е исклучено да има извесни промени. Ова е еден вид просек иако има големи скокови и падови. Првиот е земјата да е блиску или под дваесет нови случаи регистрирани во поледните 14 дена на 100 илјади. Ако ние сме околу 2 милиони точна е таа калкулција. Вториот е трендот на нови случаи во истиот период во спредба со претходните 14 дена да биде стабилен или опаѓачки. Понатаму се зема предвид колку се тестира, дали само симптоматски или асимптоматски,  колку се следат контактите, третманот и веродостојноста на информациите. Во овој контекст мислам дека е важно колку повеќе сите носиме маски, избегнуваме контакти, се дезинфикуваме, толку побарзо ќе дојдеме до овој праг од 400 нови случаи во период на 14, истакна шефот на дипломатијата.

Димитров напомена дека забраната не важи за суштински патувања, како регулиран престој, образование, хуманитарни причини, семејно обединување…, а најави дека во контакт со земите каде има најголем интерес од македонските граѓани да се утврдат протоколи за бизнис секторот кој има потреба да одржува состанок во некоја земја, како и за лицата кои имаат имоти во некои соседни држави. 

И премиерот Оливер Спасовски денеска потврди дека Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово.

- Во моментов останува да важи старата одлука, односно дека границите се отворени, рече Спасовски при денешната посета на Чучер Сандево.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе