Димитров: За да не се разочараме, да не очекуваме деблокада во декември

Скопје, 2 декември 2021 (МИА) – За да не се разочараме, подобро да не очекуваме добар исход, но мора да продолжиме да работиме, вели вицепремиерот Никола Димитров за очекувањата и најавите во декември да се случи деблокада на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, на состанок на Советот за општи работи на ЕК.

– Одговорно е од нашата страна да упатиме апел до граѓаните дека е подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку пак да бидеме разочарани од лош исход. Со оглед на краткиот период, имаме само неколку дена до Советот за општи работи, до ГАК, 14 декември, мислам дека е крајно неодговорно било какви очекувања да создаваме тогаш. Формата, одржувањето на Советот е помалку важна. Ако успееме да дојдеме до едно достоинствено, европско решение, затоа што прашањето почна толку да боли насекаде, што веројатно ќе има волја кај сите, вклучувајќи го и словенечкото претседателство, да се закаже и вонреден ГАК. Не смееме, после целото искуство што го имаме да се врзуваме за датуми. Мислам дека сигналите од Софија упатуваат дека очекуваат некаков процес, во билатералните односи кој чекор по чекор ќе помогне да се затвори прашањето. Кај нив очигледно уште парламентот ќе има улога, такви се најавите, рече Димитров во разговор за ТВ Клан Македонија.

Според Димитров, сега е важно да се одржи средба со новата влада во Софија, која ќе ги даде натамошните насоки за надминување на билатералниот спор.

– Многу е важно и за нас, пред сѐ за народот, но и за сите други во регионот кои што гледаа надеж во овие решителни чекори што во изминатите години ги правевеме за конечно да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ, многу е важно да има нешто. Тоа ќе зависи од оваа билатерална комуникација со Бугарија, но и од расположението на третите, кои имаат влог, кои се злагаат. Затоа што ова прашање стана европско, не е само билатерално прашање, бидејќи влијае на политиките на ЕУ кон регионот. И во таа смисла има реален контекст да се дојде до нешто, мора да се обидуваме за вистински пробив, рече Димитров.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Македонија

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Read more

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе