Димитров за ставот на БАН: Лесно е да се растури, тешко е да се гради – македонскиот јазик е меѓународно признат

Скопје, 12 декември 2019 (МИА) – Во 21 век, во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување е неспорно. Односите меѓу две држави, за да бидат пријателски и блиски, претпоставуваат почитување на тоа право и на достоинството на другиот, напиша на Фејсбук министерот за надворешниработи Никола Димитров во врска со ставот на Бугарската академија на науките за македонскиот јазик.

– Македонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици. Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година, врз основа на централните говорни форми во тогашна Македонија. Беше еден од трите официјални јазици и во поранешна Југославија, а присутен е во ОН уште од 70те години на минатиот век. Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти, наведува Димитров.

Посочува дека историскиот процес што го почнавме со соседна Бугарија, за да води кон вистинско зближување и пријателство, за да руши стравови и предрасуди, претпоставува взаемно прифаќање.

– Прифаќање на периодот на заедничка и испреплетена историја што ги поврзува бугарскиот и македонскиот народ, но и на сегашноста – македонски народ што говори македонски јазик. За овој процес да успее, на двете страни им треба мудрост и деликатност, големина во разбирањето и почитувањето на грижите и достоинството на другиот. Лесно е да се растури, тешко е да се гради, вели шефот на дипломатијата Никола Димитров.

реклама

Морничави остатоци од напуштени хотели низ Југославија

Read more

Пет знаци кои откриваат дека некој е на стероиди

Read more

Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Read more

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Read more

Македонија

Утре одлука за дневниот престој во училиштата

Read more

Дали пензионирањето порано ќе го оптовари Фондот?

Read more

Што ќе значи „Ѕвезда плус“ за туризмот и угостителите во земјава?

Read more

Комисијата одлучува за целодневна настава

Read more

Вести

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Спречивме масовни убивања меѓу Србија и Косово

Читај повеќе

Македонски државјанин уапсен во Косово

Читај повеќе

Утре одлука за дневниот престој во училиштата

Читај повеќе

Дали пензионирањето порано ќе го оптовари Фондот?

Читај повеќе

Црн рекорд: 13.498 новозаразени во еден ден во Франција

Читај повеќе

Што ќе значи „Ѕвезда плус“ за туризмот и угостителите во земјава?

Читај повеќе

Комисијата одлучува за целодневна настава

Читај повеќе

Повторно расте процентот на позитивни случаи од вкупниот број направени тестови

Читај повеќе