Димитров: Заслужуваме чиста одлука за почеток на преговори

Лондон, 10 јули 2018 (МИА) - Заслужуваме чиста одлука за почеток на преговори, но политиката е уметност на можното и ќе сториме се што можеме, ќе вложиме максимален напор за да одиме напред,  нагласи шефот на македонската дипломијата Никола Димитров денеска на дебатата, што се одржа во рамки на  Самитот „ЕУ - Западен Балкан“ во Лондон, на тема „После Берлин: Што носи следната декада за Западен Балкан?“.

- Граѓаните на ЕУ мора да разберат дека процесот на проширување може да не трансформира. Ние правиме грешки, но исто така и ги поправаме грешките. Процесот на пристапување е можност за трансформација на општествата, рече Димитров и додаде дека поради политичката криза со која се соочуваше Македонија, јавноста во земјата стана лута и мошне критична и повеќе не толерира грешки.

Додаде дека македонската Влада работи рака под рака со цивилното општество со цел да се спроведе таа транформација.

Димитров нагласи дека патот за Македонија и Албанија за отворање на преговорите води кон јуни следната година и додаде дека нашата земја оваа недела очекува и покана за членство во НАТО.

Пристапувањето на земјата во ЕУ и НАТО, додаде министерот, ќе има смирувачки ефект во целиот регион и ќе испрати сигнал дека земјите во Западен Балкан остануваат на патот.

- Иако сакаме рокови, датуми, поважно од тоа е да имаме точен датум и нашите земји да ги направиме европски. Ако утре се приклучиме Македонија ќе биде истата земја, потребен ни е процесот на пристапување како алатка за трансформација, додаде шефот на дипломатијата.

Рече дека додека разговарал со британски новинар бил прашан: „Зошто сакате во ЕУ, кога ние си одиме“, на што одговорил: „Вие внатре не знаете колку е студено надвор“.

Одговарајќи на прашање што доколку референдумот оваа есен не успее или пак, што доколку успее, а Македонија следната година не ги почне преговорите, Димитров нагласи дека референдумот претставува историска крстосница и оти големи се шансите дека граѓаните ќе го поддржат договорот.

- Една од главната лекции во минатото ни беше како национализмот се користеше за покривање на корупцијата и злоупотребата на службената должност. Ова е борба меѓу минатото и сегашноста, национализмот и патриотизмот, чувството дека сме жртва, дека соседите се лоши. Ќе го сториме најдоброто и верувам дека ќе биде доволно. Верувам дека луѓето во Македонија во минатото правеле мудри избори на вакви историски крстосници. Подобро е опозицијата повеќе да мисли на земјата, отколку на својата политичка кариера, но сите ќе созрееме во тој процес, рече Димитров.

Во врска можноста следната година да почнеме преговори Димитров нагласи дека не сака да прогнозира и додаде дека тоа што ќе се случи следниот јуни ќе биде тест за сите, колку е кредибилен процесот на проширување.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан истакна дека референдумот е слободен избор на граѓаните, а не ситуација во која нешто им се наметнува и додаде дека доколку земјата ги исполни условите, земјите-кандидатки се обврзани да реагираат позитивно.

Потсети дека во февруари беше презентирана Стратегијата за Западен Балкан, која, како што рече, предизвика, акции и реакции, а едната од нив е најавата дека ЕУ повеќе нема да прифаќа нови членки со нерешени конфликти и спорови со соседите.

- Тоа креира уште повеќе енергија да се решат одредени прашања, а највидливо и највпечатливо беше решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција и сега треба да се стори се за земјата да ги увери граѓаните во исправноста на оваа одлука, додаде Хан.

Нагласи дека лансирањето на Стратегијата ги принудило и земјите-членки во ЕУ да се соочат со подобрување на структурата на самата Унија, начинот на кој фунционира.

- По Стратегијата патот за земјите од Западен Балкан е појасен, додаде Хан и рече дека споменатата 2025 година, значи дека преговорите треба да бидат завршени до 2023 година.

Берлинскиот процес, е иницијатива лансирана во 2014 година, со цел да се одржи моментумот на реформи во регионот и во себе вклучува земји-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе