Димоски: Полицијата интервенираше во Вевчани за да спречи поголемо групирање

Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани за да спречат групирање на повеќе лица кои биле дел од поворката на Вевчанскиот карневал.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека интервенцијата на полицијата била поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

„И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација, да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата“, изјави Димоски.

По документирање на случајот, додаде, ќе бидат поднесени и соодветни пријави против прекршителите.

„Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот, односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани“, истакна Димоски.

Вевчани денеска живее во духот на вековната традиција, познатиот Вевчански карневал, но поради пандемијата со COVID-19, двете василичарски друштва Горна и Долна маала се откажаа од организацијата на карневалот.

Вевчанци, иако во мал број, сепак не се откажаа од традицијата и маскирани, во помали групи излегоа низ улиците преку маски, на сатиричен начин да покажат дел од настаните што ја одбележаа изминатата година. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе