УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Динамо и Црвена звезда со полни каси го завршија учеството во ЛШ

Макфакс/Кајгана
/ 31.01.2025 / 08:44

Регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда со полни каси го завршија учеството во Лигата на шампионите.

Динамо е најголемиот губитник оваа сезона. „Модрите“ го победија Милан во последното коло (2:1), освоија 11 поени, но завршија на 25-тото место. Гол разликата го елиминира Динамо од Лигата на шампионите. По 11 поени освоија и Манчестер Сити, Спортинг и Клуб Бриж.

Црвена звезда немаше никакви шанси за пласман во плеј-офот, но дополнително заработи со победата во Берн над Јанг Бојс (0:1).

Од учеството во Лигата на шампионите Динамо заработи речиси 40 милиони евра, а Црвена звезда приходуваше 32 милиона евра.

Најмногу пари во прелиминарната фаза собра Ливерпул. Поразот во Ајндховен го спречи да ја пробие магичната граница од 100 милиони евра. Освен „Црвените“, само уште еден клуб ја надмина границата од 90 милиони евра, а тоа е Интер, додека блиску се Арсенал, Барселона, па дури и Атлетико.

Вреди да се потсетиме дека УЕФА одлучи да ги награди осумте првопласирани. Клубовите кои изборија место во осминафиналето добија по 11 милиони евра. Истата сума ќе ја добијат и победниците од плеј-офот за место во топ 16.

Подоцна, кој ќе стигне до четвртфиналето ќе добие 12.500.000 евра, полуфиналистите уште 15.000.000, финалистите дополнителни 18.500.000, а победникот во Лигата на шампионите, во мај оваа година на „Алианц Арена“ во Минхен, ќе добие уште 10.000.000. од кои 6.500.000 за освојување на пехарот, а останатите 4.000.000, бидејќи автоматски ќе учествуваат во борбата за трофејот во Суперкупот на УЕФА.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Read more

Фудбал

Чистка во Реал Мадрид: Пет врвни играчи си заминуваат

Read more

Сити го доби Арсенал, но го загуби Родри

Read more

Суспендиран стадионот на Башкими, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга

Read more

Дали Модриќ останува во Милан? 

Read more
 

Спорт

Чистка во Реал Мадрид: Пет врвни играчи си заминуваат

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Читај повеќе

Расел: Ќе возам за Мерцедес и во 2027 година

Читај повеќе

Сити го доби Арсенал, но го загуби Родри

Читај повеќе

Ѓоковиќ го мина Федерер и постави нов рекорд во историјата на тенисот

Читај повеќе
  • play_arrow

Суспендиран стадионот на Башкими, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга

Читај повеќе

Дали Модриќ останува во Милан? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Фудбалер на Верона се степа со навивачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Хулигани на Фоџа влетаа на терен и ги бркаа играчите

Читај повеќе