УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Динамо со Адеми и Ристовски го шокираше Челси

Огромно изненадување на отворањето на новата сезона од Лигата на шампионите откако вечерва во Загреб Динамо успеа да го победи големиот Челси.

Хрватскиот шампион после три години пауза се врати во групната фаза и веднаш на стартот ги освои симпатиите. Борбената игра, но и одличната одбрана му донесоа на Динамо важни 3 бода против фаворитот за пласман во нокаут-фазата.

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски се најдоа во почетните 11, а и двајцата имаа добри шанси за гол. Адеми во првиот дел се обиде со удар малку надвор од шестнаесетникот, но Кепа Арисабалага одбрани. Ристовски по паузата упати одличен удар од околу 25 метри, баскискиот голман доволно ја зафати топката за таа со помош на пречката да не заврши во мрежата.

Сето тоа се случуваше по 13-тата минута кога одличната брза контра на домашните ја искористи Мислав Оршиќ кој итро го совлада Арисабалага. Голот се покажа како решавачки бидејќи Челси до крај не успеа да израмни откако „Модрите“ или одлично се бранеа, или Доминик Ливаковиќ со интервенции спасуваше израмнување.

Remote video URL

Ристовски ги одигра сите 90 минути, додека Адеми беше заменет во 88. минута. По крајот Адеми беше прогласен за играч на натпреварот.

URL

Во оваа група се уште и Салцбург и Милан кои својот натпревар го играат вечерва.

Во другиот натпревар кој се играше во истиот термин од 18:45 часот, Борусија ги запиша првите 3 бода откако во Дортмунд лесно го совлада Копенхаген со 3:0 со головите на Марко Ројс (35.), Рафаел Герејру (42.) и Џад Белингам (83.).

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе