Династијата Малдини по 22 години чекање има италијански репрезентативец

Селекторот на италијанската репрезентација, Лучано Спалети, го објави списокот на повикани играчи за претстојните натпревари од Лигата на нации, а најмногу внимание привлече името на младиот напаѓач.

Династијата Малдини доби трет италијански репрезентативец. По славниот Чезаре и неговиот син Паоло, според многумина најголемиот дефанзивец на сите времиња, сега и најмладиот член на семејството Малдини, 22-годишниот Даниел, ќе биде во италијанската репрезентација.

Поминаа 22 години откако Паоло Малдини стави крај на репрезентативната кариера, а неговиот син Даниел сега го доби првиот повик и ги чека првите минути во дресот на „Аѕурите“. За разлика од неговиот татко и дедо, Даниел, кој игра за Монца, не е дефанзивец и е офанзивен играч за врска.

Инаку, Даниел можеше и да настапува за Венецуела бидејќи неговата мајка Адриана Фоса е Венецуелка.

Заедно со Даниел Малдини, на списокот на Спалети има уште тројца дебитанти. Тука е дефанзивецот на Милан, Матео Габиа, првиот играч на „Росонерите“ по две години минати во италијанската репрезентација откако си замина Сандро Тонали, а новајлии се голманот на Јувентус, Микеле Ди Грегорио и играчот од средниот ред на Рома, Николò Пизили.

Составот на Италија:

Џанлуиџи Донарума - ПСЖ (Франција)
Гуљелмо Викарио - Тотенхем (Англија)
Микеле Ди Грегорио - Јувентус

Алесандро Бастони - Интер
Раул Беланова - Аталанта
Алесандро Буонџорно - Наполи
Рикардо Калафjори - Арсенал (Англија)
Андреа Камбиазо - Јувентус
Џовани Ди Лоренцо - Наполи
Федерико Димарко - Интер
Матео Габиа - Милан
Кејлеб Околи - Лестер (Англија)
Дестини Удоги - Тотенхем (Англија)

Николò Фаџоли - Јувентус
Давиде Фратези - Интер
Лоренцо Пелегрини - Рома
Николò Пизили - Рома
Самуеле Ричи - Торино
Сандро Тонали - Њукасл (Англија)

Џакомо Распадори - Наполи
Матео Ретеги - Аталанта
Даниел Малдини - Монца
Мојс Кин - Фиорентина

Пред Италија се натпревари од групата 2 од Лигата на нации против Белгија и Израел и ќе се надева дека ќе продолжи со одличниот почеток на новата сезона бидејќи ги доби првите два натпревара.

реклама

Силен земјотрес во Турција

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Фудбал

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Read more

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Read more

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Read more

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе