Музика
САНРЕМО 2020

Диодато е победник на овогодинешниот Санремо

9. февруари 2020 - 11:42 | Ф.З.

Антонио Диодато со нумерата „Fai rumore" е победник на фестивалот Санремо и воедно италијански претставник на Евровизија.

По петдневна богата музичка програма синоќа заврши најпознатиот светски музички фестивал, италијанскиот Санремо.

Победник е 38-годишниот Антонио Диодато, со потекло од гратчето Таранто во Апулија, кој настапи од првата вечер во вторникот со нумерата „Fai rumore".

Диодато освои 39,3 проценти од вкупните гласови (50% публика и 50% жири) и заврши прв пред Франческо Габани кој ја отпеа „Viceversa“ за која доби 33,9% гласови.

На третото место се пласираше индо рок групата Pinguini Tattici Nucleari со песната „Ringo Starr“ која доби 26,8% од гласовите.

Вкупно учествуваа 24 музики нумери, Интересно, победничката песна според гласовите од телевоутингот заврши на третото место.

Коментирај