Свет

Дипломатија, а не бомбардирање: Решение за сириската агонија

16. април 2018 - 14:42 | М.Д.

Лидерот на лабуристичката партија, Џереми Корбин, својата оценка за ситуацијата во Сирија за „The Guardian“ ја дефинира во една реченица: Ова се сериозни времиња. Пренесува и дека после ракетните напади на Сирија, сега е вистински момент да се поттикне мир.

Корбин го обвинува министерот за надворешни работи Борис Џонсон, дека неговиот став за конфликтот да продолжи во моменталниот правец и за тоа дека мировните преговори би требало да бидат посебно прашање, се несовесно отфрлување на одговорноста и моралноста.

Овој разорен конфликт веќе однесе повеќе од 500.000 животи и доведе до тоа 5 милиони бегалци да мораат да ја напуштат Сирија, а 6 милиони се интерно раселени, потсетува Корбин.

„Ние мораме да ги ставиме преговорите околу политички решенија во центарот на вниманието, а не да влеземе во нов круг на воени реакции и контра-реакции“, вели Корбин.

Лидерот на една од двете најголеми партии во Британија вели дека нападот на локациите за кои се смета дека се поврзани со хемиско оружје во Сирија биле и погрешни и погрешно протолкувани. Без разлика дали тоа било направено чисто симболично – рушење на она што изгледа како празни згради, за кое веќе се покажа дека е во потполност неефикасно како знак за предупредување – или пак, тоа било само како најава за пошироки воени акции.

„Мораме да го анулираме злото кое го нанесува хемиското оружје, но исто така мораме да го искористиме нашето влијание и да спречиме уште поголемо злосторство во сириската војна. Неопходно е да се пронајде дипломатско решение, кое ќе овозможи земјата повторно да се изгради и бегалците да се вратат дома, како и сеопфатно политичко решение кое би им овозможило на луѓето во Сирија да одлучат за својата иднина. Целото ова, а не ново бомбардирање, е се што британскиот народ го сака од својата влада. Сега е моментот за морално и политичко раководство, а не за воени одговори“, заклучува Корбин.

Недостаток на поширока стратегија на САД во Сирија

На мета на критики не е само Британската влада, критики пристигнуваат и на сметка на Доналд Трамп и неговата политика. Како што пренесуваат светските медиуми, и покрај тоа што мисијата на Трамп е „остварена“, се поставува прашањето поврзано со стратегијата на САД во Сирија.

Трамп во петокот, со сојузниците Франција и Британија изведе ракетен напад врз Сирија, во одговорот кој имаше за цел да го спречи сирискиот претседател Башар Ал-Асад во употребата на хемиското оружје, но малку е веројатно дека тоа ќе ја ослаби неговата позиција.

Трамп во саботата објави: „Мисијата е исполнета“. Оваа фраза многу потсетува на онаа која поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја искористи во 2003 година, за време на војната во Ирак. Сепак, иако после последните напади до Трамп пристигна поддршка од многумина, без разлика на политичката припадност, тој е критикуван поради недостаток на поширока стратегија во Сирија.

„За да успееме на подолги стази, потребна ни е сеопфатна стратегија за Сирија и целиот регион. Воздушните напади без поширока стратегија можат да бидат неопходни, но тие сами нема да ги остварат целите на САД на Блискиот исток“, изјави републиканскиот сенатор Џон Мекејн.

Останува да видиме дали Трамп ќе се држи до кажаното и ќе ги повлече американските трупи од Сирија, или како што изјави Макрон, по негово убедување, американските трупи и понатаму ќе останат во Сирија.

САД со нови санкции против Русија поради Сирија

Стратегијата на САД до некаде можеби може да се препознае и во зборовите на амбасадорката во ОН Ники Хејли, која тврди дека работата на Америка во Сирија не е завршена.

Хејли наведе три цели кои е потребно да се остварат во Сирија: Забрана на употребата на хемиско оружје на начин кој би им наштетил на американските интереси, комплетен пораз на Исламската држава и ограничување на влијанието на Иран во Сирија.

Во изјава за медиумите, таа најави дека САД ќе воведе нови санкции против Русија како одговор на наводниот хемиски напад во Сирија.

„Новите санкции ќе бидат директно упатени против сите компании кои се занимаваат со опрема поврзана со користењето на хемиското оружје на Асад“, изјави таа.

Сирија: Западните сојузници почнуваат дипломатска офанзива после ударот

Околу притисокот над Русија да прекине да го штити Асад, пишува „The Guardian“. Овој британски медиум пишува дека тој притисок расте и потсетува дека САД, Велика Британија и Франција бараат истрага околу резервите со хемиско оружје. Западните сили ќе настојуваат да дејствуваат дипломатски после воените удари на локациите со хемиско оружје на сириската влада, повикувајќи ги ОН да отворат широка истрага околу магацините со хемиско оружје во Сирија.

Трите сојузници, САД, Велика Британија и Франција, направија нацрт за резолуција до ОН, која содржи предлози за независна истрага околу наводните хемиски напади во Сирија, за да се идентификуваат виновниците.

Исто така, би требало да се примени и резолуцијата околу прекинување на конфликтот, која беше усвоена во февруари, но никогаш не е спроведена.

Споменатиот документ „бара“ режимот на Асад да се вклучи во мировните преговори, „со добра намера, конструктивно и без предуслови“. „The Guardian“ пренесува и дека организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) ќе биде обврзана во рок од 30 дена да открие дали владата на претседателот Асад во потполност ги открила своите резерви со хемиско оружје.

Инспектори за хемиско оружје пристигнаа во Дума

Токму инспекторите на споменатата организација веќе пристигнале во Дума, со цел да започнат истрага околу нападот со хемиско оружје кој се случи во овој сириски град. Делегацијата на експерти од оваа организација е задолжена да го истражи нападот кој се случи на 7 април во Дума, источно од Дамаск.

Западните силе велат дека во нападот биле користени хемиски супстанци, најверојатно хлор и сарин, кои убиле 40 цивили. Како што тврди „The Guardian“, сириската влада им ветила на хемиските експерти дека ќе им овозможи непречена работа.

Коментирај