Џина Хаспел, директорката на ЦИА, ги преслуша аудиоснимките од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, објави Washington Post.
Во извештајот се цитира извор според кој аудиоснимката е доверлив доказ и додава дека тоа би можело да стави дополнителен притисок на САД да ја смета Саудиска Арабија одговорна за смртта на Кашоги.
Засега не се знае кој ја пуштил снимката на Хаспел. Анкара сè уште официјално не го потврдила ниту оспорила извештајот на Washington Post. Турските власти претходно тврдеа дека имаат таква снимка, со последните минути од животот на Кашоги.
Сепак, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во говорот пред неколку дена не спомна снимка од убиството.
„Досега слушавме за тоа, но никој ја нема видено“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.