Директорот на ЦИА, Мајк Помпео изјави дека не треба да му се поставуваат никкави прашања, во случај кога севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, изненадно би умрел.
„Доколку Ким почине, имајќи ја во предвид историјата на ЦИА, едноставно нема да зборувам за тоа. Некој би можел да помисли дека тоа е случајност“ рекол Помпео со насмевка на форум пред претставници за национална безбедност.
Како што потсетуваат медиумите, ЦИА има темна историја на обиди за ликвидирање на лидерите на Иран, Куба, Конго, Виетнам и Чиле, а претходно оваа година, Северна Кореја тврдеше дека ЦИА се обидела со помош на јужнокорејските разузнавачки служби, да го убие Ким.
Директорот на ЦИА навел дека САД би требалo да претпостави дека владата на Ким е на чекор од создавање на нуклеарна ракета, која би можела да погоди цели во САД и дека треба да работат на тоа да го спречат.
Наспроти тоа и Помпео и советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Доналд Трамп, Херберт Рејмонд Мекмастер, велат дека повеќе би сакале преку дипломатија и санкции да го довета Ким на преговарачка маса, но и дека воената интервенција се уште е опција.