Директорот на ФБИ: Кина претставува поголема закана од Русија

Вашингтон, 10 октомври 2018 (МИА) -  Кина почна кампања без преседан за да влијае на јавното мислење во САД пред претстојните избори за Конгресот, и ова е најголемата и долготрајна закана за американската безбедност, изјавија денеска шефовите на  американските контраразузнавачки агенции.

Членови на сенатската Комисија за внатрешна безбедност упатија прашања на министерот за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен и директорот на ФБИ Кристофер Реј по повод изјавата на претседателот Доналд Трамп дека Кина се меша во американските избори.

На прашањето дали Пекинг е поголема закана од Москва, Нилсен одговори дека пред изборите во САД стојат две закани од странство: хакерство или саботажа на изборната инфраструктура (избирачки списоци или машини за гласање) и влијание врз кампањите.

- Сигурно Кина прави невиден напор да влијае на Американците, рече Нилсен.

Тој додаде дека досега нема докази за кинески обиди „да се компромитира изборната инфраструктура".

Директорот на ФБИ, Реј одговори на прашањето дали Кина е поголема закана од Русија, чие мешање во американската изборна кампања во 2016 година е предмет на внимателна истрага.

- На многу начини, Кина претставува најголема, најкомплексна и најдолгорочна контраразузнавачка закана со која се соочуваме. На многу начини, Русија се бори да остане значајна по распадот на Советскиот Сојуз. Таа ја води денешната битка, а Кина ја води утрешната битка, заклучи шефот на ФБИ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе