Директорот на Huawei: Купувам iPhone уреди за сите во моето семејство

Извршниот директор на Huawei неочекувано искажа симпатии за еден од најголемите ривали на неговата компанија. Рен Женгфеи, основачот и актуелен извршен директор на Huawei, призна дека им купил iPhone уреди на членовите на неговото семејство кога ја напуштил Кина.

Huawei во моментов се наоѓа во најголемата криза од формирањето на компанијата, но нејзиниот основач Рен Женгфеи сепак решава да остане позитивен, притоа отворено и искрено зборувајќи за неговите конкуренти.

„Телефоните на Apple имаат одличен екосистем, па затоа на сите од моето семејство им купувам iPhone уреди кои можат да ги користат кога ќе бидат надвор од Кина. Луѓето не смеат да си помислат дека љубовта за Huawei значи дека ние мораме да користиме само уреди на нашата компанија“, рече Женгфеи за South China Morning Post.

Шефот на технолошкиот гигант одговораше на повиците за бојкот на Кина против американските компании, бидејќи САД неодамна ја санкционираше Huawei и ги забрани нејзините уреди на целата територија. Уредите на Huawei, покрај тоа што се забранети во САД, од наредниот месец ќе престанат да добиваат апдејти од Google за оперативниот систем Android.

„САД ја потценува моќта на Huawei. Нивната 90-дневна привремена лиценца нема никакво влијание врз нашата компанија, бидејќи ние сме подготвени за било каков предизвик“, додаде Женгфеи.

Покрај афинитетот на Женгфеи за уредите на Apple, уште неколку работници на Huawei беа „фатени“ како користат iPhone за извршување на работните обврски. На почетокот на оваа година еден од директорите на компанијата објави твит кој беше означен како „via Twitter for iPhone“.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе