Директорот на американската вселенска агенција НАСА, Џим Брајденстајн изјави дека американските астронаути повеќе се немаат вратено на Месечината поради недоволно средства за такви вселенски програми.
Тоа е поврзано со политичките ризици, тврди директорот.
„Да не беа тие политички ризици ние сега веќе ќе бевме на Месечината, ќе бевме и на Марс“, нагласува директорот на НАСА.
Брајденстајн појасни дека НАСА во 1990 година и на почетокот на 2000 година се обидела да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но двете програми барале долга подготовка и сериозни трошоци.
Тој укажа и на тоа дека од истата причина нема да се реализира слетувањето на Марс, закажано за 2024 година.
Неодамна, администрацијата на Доналд Трамп наложи да се забрза реализацијата на лунарната програма за во наредните пет години се оствари ново слетување на Месечината, наместо до 2028 година.