Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против 7 лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба, како и 3 лица за несовесно работење во службата. Дополнително, врз основа на согледувањата на јавниот обвинител, постапката веднаш е проширена и за едно правно лице и за управителот на тоа правно лице, кои не беа опфатени во пријавата од УФП.

Имено, сомненијата се дека првоосомничениот директор на РЕК Битола во постапката за јавна набавка за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања и на 19.08.2022 година донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која противправно ја отфрлил понудата на едно правно лице, иако таа била најниска. Спротивно на член 112 став 1 од Законот за јавни набавки противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на осомниченото правно лице со кое склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор на износ од 849.600.000 денари.

Вториот, третиот и четвртиот осомничен ја искористиле службената положба и овластување како членови на стручна комисија за евалуација на техничката и професионалната способност на пристигнатите понуди на јавната набавка. При оценка на пристигнатите понуди тие ја ограничиле конкуренцијата и му овозможиле на првопријавениот да донесе незаконска одлука за избор на најдобар понудувач.

Петто, шесто и седмопријавениот биле претседател и членови на Комисијата за спроведување на постапката за јавна набавка кои противправно ја оцениле како неприфатлива понудата која била поевтина.

Осомничени се и три лица од Бирото за јавни набавки кои постапиле несовесно вршејќи управна контрола на постапката и констатирале дека таа е законски спроведена.

Со реализација на Договорот за ископ на инвестициска откривка во Рудникот Брод Гнеотино, пријавените овозможиле осомниченото правното лице да оствари противправна имотна корист, со што на Буџетот на РСМ направена е штета во висина од 178.370.320 денари. За управителот на правното лице поведена е постапка за поттикнување на злоупотребата.

Имајќи го предвид наведеното, а особено имајќи предвид дека се работи за наводи за значителна имотна штета на Буџетот и сомнение за кривично дело за кое е запретена казна затвор од 1 до 5 години, основано е да се стравува дека осомничените лица без определување на мерки за претпазливост ќе имаат мотив да ја напуштат државата и да избегнат кривична одговорност за преземените дејствија.

Затоа јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и задолжително јавување кај надлежен орган. Мерките се предложени за 7 лица, бидејќи за првоосомничениот веќе е на сила мерка притвор определена во друг предмет.

Исто така, со цел обезбедување на имотната корист од незаконските дејствија, јавниот обвинител предложи привремени мерки за обезбедување – замрзнување на пари во износ од 178.370.320 денари на банкарска сметка, како и движен имот од правното лице и управителот, односно 12 возила за кои има сомнение дека биле набавени со нелегално стекнатата имотна корист.

Тагови
реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Македонија

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Read more

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Read more
 

Вести

Уапсен водич на навивачка група во Тетово

Читај повеќе

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Читај повеќе

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Читај повеќе