Дирк Новицки доби улица во Далас

Голема чест за германскиот кошаркар по кого беше преименувана улица во Далас близу до салата каде што мина 21 НБА сезона.

Сега 41-годишен, Новицки замина во пензија по завршувањето на минатата сезона. Во Далас Маверикс дојде во 1998 од редовите на германскиот Вирцбург, клуб од неговиот истоимен роден град.

„Ова ми е некако нереално. По мојата прва сезона, веројатно не би именувале ни отпад по мене. Ова е поголемо од кошарката. Овде се работи за мојата врска со градот. Многу љубов имам добиено од жителите на Далас“, рече видно емотивниот Германец.

Граѓаните на Далас вечно ќе го паметат како еден од најзаслужните за титулата во сезоната 2010/11.

Градоначалникот Ерик Џонсон ги пофали граѓанските доблести на Новицки.

„Дирк стапи во контакт со мене лично да ме праша како би можел да помогне кога градот беше погоден од торнадо. Тој и Клејтон Кершо (бејсбол фрлач на Лос Анџелес Доџерс) дојдоа во нашиот прифатен центар да ги поздрават градските работници кои непрекинато беа на должност“.

Улицата „Новицки Веј“ досега се викаше „Олив Стрит“ сместена во блокот 2900-3000 блиску до салата „Американ Ерлајнс Сентр“ каде што од 2001 настапува Далас Маверикс.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе