Дис потврди: Porsche и Audi ќе влезат во Ф1 во 2026 година

Ф1
Ф.З.
/ 03.05.2022 / 20:19

Извршниот директор на групацијата Volkswagen, Херберт Дис, потврди дека Porsche и Audi ќе влезат во Формула 1 во 2026 година.

Диес ги потврди гласините кои се појавија на почетокот на годинава, а кои најавија влез на Porsche и Audi во Формула 1. Станува збор за луксузни брендови од групацијата Фолксваген, кои ќе се натпреваруваат во најпопуларната тркачка серија. Диес ја сподели информацијата за време на преносот во живо наречен „Dialog mit Diess“ што се емитуваше на каналот на YouTube на Volkswagen Group.

Директорот ја отфрли можноста за користење на името на Volkswagen во Формула 1 и рече дека „тоа не е соодветно и дека брендот нема да учествува“. Наместо тоа, Porsche и Audi ќе влезат во конкуренција одделно под свои имиња. Дис рече дека промената на правилата планирано за 2026 година претставува совршена можност за учество во конкуренцијата. Тој додаде дека ова е всушност „последната“ шанса во една деценија за ваква важна одлука.

Remote video URL

Porsche и Audi имаат приоритет на нивната посветеност на трките на највисоко ниво од 2026 година, кога моторите со внатрешно согорување ќе користат целосно одржливо синтетичко гориво. Дис рече дека се потребни три до четири години за да се развие Ф1 моторот, така што одлуката за учество во конкуренцијата мораше да се донесе порано со цел сѐ да се подготви за 2026 година.

Директорот одговори на прашањето зошто е избрана Формула 1 покрај другите класи на мотоспорт. Тој рече дека одлуката е заснована на фактот дека Формула 1 „се развива исклучително позитивно ширум светот“, што е особено очигледно во САД, како и во Азија каде што сѐ повеќе луѓе ја следат Формула 1.

Дис рече дека на групацијата VW ќе ѝ требаат 5 до 10 години да се натпреварува за титулата доколку Porsche и Audi се приклучат навреме без големи промени во правилата. Од 2026 година автомобилите ќе имаат целосно нови мотори и тоа ги поистоветува работите „на терен“. Двете марки почнаа да го развиваат моторот, но одлуката за тоа како двете споменати марки ќе влезат во Формула 1 сѐ уште не е детална.

Дис рече дека Porsche направил поголем напредок, а според претходните гласини, брендот од Цуфенхаузен ќе работи со тимот на Ред Бул. Слушнавме и шпекулации дека Audi ќе го купи тимот на Мекларен.

Влезот на Porsche и Audi во Формула 1 е изгласан и одобрен бидејќи членовите на одборот се убедени дека тоа ќе ја зголеми вредноста на двата германски луксузни бренда.

Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Ф1

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе