Дисциплинска постапка за двајца полицајци за навредлива содржина за Covid-19 и прекршочна за прилепчанец за лажно претставување

МВР поведе дисциплинска постапка против двајца униформирани полицајци чија слика вчера се појави на социјалните мрежи под која имаше напишано навредлива содржина за граѓани кои се во изолација поради коронавирусот. Во истиот контекст беше објавена и втора фотографија со само едно лице, за која МВР утврдила дека не станува збор за полициски службеник, туку за лицето А.А од Прилеп, кое е повикано во полиција и на кое му е изречена прекршочна пријава и глоба од 600 до 800 евра за лажно претставување.

МВР, како што се наведува во полициското соопштение, го осудува ваквиот недоличен и недопустлив начин на однесување особено на полициски службеници и согласно процедурите веднаш изврши проверки дали станува збор за вработени во МВР .

Во соопштението се посочува дека при извршените проверки било утврдено дека двете лица кои се фотографирани во возило се овластени полициски службеници.Тие веднаш се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР, при што против нив најитно е поведена дисциплинска постапка за чија содржина и исход, јавноста ќе биде информирана по утврдување на сите факти.

Во врска со другата фотографија на којашто е фотографирано едно лице, МВР утврди дека не станува збор за полициски службеник туку за граѓанин А.А (27) од Прилеп, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор. По утврдените факти и разговорот со него, МВР против А.А ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник, носејќи полициска маица со полициски ознаки.

МВР апелира до граѓаните и до полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи и воедно потенцира дека најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе