Бизнис

Disney е во загуба и покрај серијата филмски хитови

7. август 2019 - 10:17 | Ф.З.

И покрај неодамнешните блокбастери како „Avengers: Endgame“ и „Toy Story 4“ профитот на компанијата Walt Disney е разочарувачки за Волстрит.

Акциите на Disney паднаа за 5% после часови тргување на берзата откако фирмата објави бројки различни од предвидувањата на аналитичарите.

Профитот на филмскиот гигант падна за 51% на 1,4 милијарда долари во последните три месеци и покрај тоа што приходот се зголеми за 33% на 20,2 милијарди.

„Avengers“ стана најпрофитабилниот филм, симнувајќи го „Avatar“ од врвот. Но, профитот од серијата филмски хитови вклучувајќи го и „Aladdin“ не успеа да ги надомести трошоците на компанијата.

Во март, Disney ги купи филмските студија на 21st Century Fox за 71 милијарди долари. За да му парира на Netflix, компанијата моментално работи и на нова дигитална платформа Disney+ која треба да биде пуштена во ноември годинава. Трошоците од овој новитет ќе ѝ тежат на компанијата во наредните неколку години, а наредната година се очекува и дополнителна конкуренција во нови платформи од Warner Media и NBC Universal.

Во тематските забавни паркови вкупниот профит порасна за 4% на 1,7 милијарди долари, но падна во парковите лоцирани во Америка. Компанијата го оправда падот со трошоците за амбициозната експанзија на тематскиот парк Star Wars  кон крајот на мај во калифорнискиот Disneyland, а објави дека влијание имала и намалената посетеност.

Медиумските мрежи на компанијата во кои се вбројуваат ESPN, каналите Disney и FX, објавија 7% повисок приход, достигнувајќи 2,1 милијарда долари.

Коментирај