Disney го купува Fox: Најголемата зделка во историјата на филмската индустрија

Веќе со месеци се преговара за евентуалниот договор за продажба на студиото Fox, со кој Disney ќе ги добие правата телевизиските и филмските права на голем дел од авторските содржини кои во моментов се во рацете на Fox. Што точно би можел да добие Disney од оваа зделка?

Кои делови од Fox ќе останат независни, а кои ќе му припаднат на Disney во случај на постигнување договор?

Ако двете компании постигнат договор, Disney ќе побара Fox да биде основана нова независна компанија наречена New Fox, која ќе ги задржи правата за телевизиските програми на Fox Television Group, меѓу кои се наоѓаат Fox News Channel, Fox Sports, Big Ten Network, Fox Deportes и слично. Во моменталната група канали на Fox има вкупно 28 телевизиски канали, од кои поголемиот дел би се префрлиле во New Fox.

Disney, од друга страна, ќе го добие најголемото телевизиско богатство од зделката, студијата 20th Century Fox Television и FX Productions. Со добивањето на правата на интелектуалниот посед на Fox, Disney ќе ги добие правата на сериите „The Simpsons“, „Empire“ (20th Century Fox Television), „Atlanta“, „American Crime Story“ и „American Horror Story“ (FX Productions), како и правата за емитување на каналот National Geographic, кој е дел од семејството на Fox.

Се разбира, најголемата причина поради која Disney сака да го купи Fox е големиот бунар на пари кој се отвора со купување на правата од легендарните филмски франшизи кои се дел од имотот на Fox. Помеѓу нив се наоѓаат правата на суперхероите на Marvel, како Deadpool, X-Men и Fantastic Four, кои споени со веќе постоечката филмска франшиза Avengers можат да ги урнат сите рекорди на боксофисот, со што Disney ќе си ја исплати инвестицијата уште веднаш. Но, листата не завршува тука. Легендарните филмски серијали како „Planet of the Apes“, „Avatar“, „Alien“, „The X-Files“, „Predator“, „Die Hard“, „Home Alone“ и многу, многу други досега се покажаа како „златна кокошка“ за Fox, па не ја исклучуваме можноста Disney да профитира и од нив, доколку тие бидат вметнати во договорот.

Disney исто така е познат по Дизниленд, а новите авторски права кои може да ги добие од договорот со Fox би можеле да придонесат кон нови возења и атракции во познатиот забавен парк.

Како што изгледа засега, договорот помеѓу овие две компании би требало да се случи во текот на оваа календарска година. Единствената пречка засега е Comcast, уште една компанија која сака да ги купи правата на Fox, но таа има значително помала финансиска моќ од Disney и веројатно нема да може да ја исплати истата сума како куќата на Мики Маус.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Филм & ТВ

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе