Disney објави нов трејлер за „Lion King“
Новиот трејлер за римејкот на „Lion King“ преку моќта на носталгијата ќе ве однесе назад во времето кога за првпат го видовте анимираното лавче Симба. Во новиот трејлер малку подобро ќе се запознаете со џунглата и животните во неа, што ќе ве подготви за премиерата на филмот.
Disney, исто како и Симба, едвај чека да стане крал...на боксофисот. Според очекувањата, „Lion King“ би требало да ги освои симпатиите на целата публика, бидејќи е наменет да им се допадне на најмладите, а носталгијата околу него ќе ги привлече и оние постарите генерации.
Премиерата на „Lion King“ е закажана за 19 јули 2019 година.