Живот

Дизајн на ентериер за прекрасен стан во Осло од македонскиот уметник Ѓорѓи Десподов

23. септември 2018 - 17:52 | АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА

Дизајнот на ентериер е умешност и уметност што се постигнува со многу работа, но и вроден талент. Секој од нас има своја естетика за тоа како сака да изгледа неговиот личен и работен простор, но има одредени решенија на кои им се восхитуваме, иако не се по наш вкус.

Идејните решенија за уредувањето на овој шармантен стан во Осло (галеријата погледнете ја ТУКА), многумина би се согласиле дека го задоволуваат и возбудуваат речиси сечиј осет за естетика.

Монохроматската графика е вешто надополнета со топлината на жолтите нијанси и дрвото како природен материјал, а свежината е внесена со доволна доза на природно зеленило. Овој модерен и шармантен дизајн е дело на младиот македонски визуелен уметник Ѓорѓи Десподов.

22-годишниот Десподов, по потекло од Прилеп, моментално студира Рекламен дизајн на Националната академија на уметностите во Софија, Бугарија, а на јавноста ѝ е познат како дизајнерот на постерот за годинешното издание на Скопскиот филмски фестивал.

За неговиот креативен пристап кон дизајнот вели дека се стреми да создаде силен впечаток за надворешната форма со имплициран наратив. Користи различни палети на бои, надреални слики, некои графички елементи од составот да изградат двосмислен дизајн.

Колкав е предизвикот да се работи дизајн на ентериер, со оглед на тоа дека тоа не е твојата првична вокација?

 - Предизвикот е голем да се работи уредување на простор, особено кога не сте физички присутни на локацијата, бидејќи единствено нешто што имаш е планот на пространството. Дизајнот на ентериер е брза, динамична и високо креативна индустрија. Процесот на дизајнирање на ентериерот станува повеќе од само визуелно или амбиентно подобрување на ентериерот, се обидува да ја оптимизира и усогласи употребата на просторот додека сѐ уште ги почитува прописите и стандардите. Кратките временски рокови и роковите воопшто се два од најлошите непријатели на дизајнерот на ентериер, па затоа е суштински дел од составот на дизајнерот на ентериер за да можат да работат со овие притисоци.

Со оглед на тоа дека во денешно време веќе се очекува од креативците да се ангажираат на повеќе полиња истовремено, а не да се фокусираат само на една професија, Десподов смета дека не треба да се ограничуваме само на една „професија" и дека за него дизајнот претставува патување за откривање.

Коментирај