Дизајнерката Тошева со документарец и нова колекција ги промовира културните традиции преку одржлив развој

Александра Спасеска
/ 23.06.2022 / 11:42

Завчера се прикажа документарниот филм „Латици“ и новата колекција „OYA“ - иновативен проект на Ирина Тошева, кој ја чествува шареноликоста на етничките заедници и културната одржливост во земјата.

Преку темелно истражување и документирање на заедницата на Јуруците од Радовишкиот регион одблизу, Тошева изработи модни изгледи, инспирирани од женските носии, во соработка со графичкото студио за текстилни дезени San Smith од Барселона. Моделите се надополнети со еко-мониста од пластични шишиња, изработени од Елена Арсовска.

Заедницата на Јуруците во Македонија постои од 14 век и останува верна на своите специфични обичаи. Дизајнерката престојуваше некое време таму и директно учествуваше во нивните обичаи и начин на живот, со поддршка на КХО на Турците од источна Македонија. Таа во дијалог со локалното население и експерти, почитувајќи ја традицијата, ги преведе елементите од облеките во современ моден контекст.

Документарното видео „Латици“ ги прикажува разговорите на неколку различни генерации од село Аликоч и проф д-р Владимир Јаневски фолклорист, околу нивната карактеристична и шаренолика облека. Директор на фотографија е Марјан Петковски, монтажер е Драган Спасов, музиката е на Оливер Јосифовски, графичкото уредување е на Гога Стојковска. 

За изработката на колекцијата беа користени еколошки материјали со сертификати за составот и етичкото производство, како и дигитално печатење кое не троши вода, направено со еколошки текстилни бои. Беа користени рачни техники на доработка и плетење со памучни конци, инспирирано од техниките кои се користени во носиите на Јуруците од Радовишко. Затоа и колекцијата го носи името „Oya“ што претставува техника на рачна изработка со мониста и конци, која е во исчезнување.

За презентација на колекцијата беше изработен и моден едиторијал во соработка со модниот фотограф Антонио Станков и модно видео со музика од Фолтин. Заштитни лица на кампањата се Кристина Рачиќевиќ, Кристина Филиповска, Кони Маркова и Бојан Петровски. Шминката и фризурата се на Ива Петровска и Ирена Сенокозлиоска, директор на фотографија е Марјан Петковски.

Промоцијата се одржа на првиот ден од летото, поврзувајќи ги сите соработници и поддржувачи на едно место, на платото на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија,  под покровителство на г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска, со поддршка на Турски културен центар Јунус Емре- Скопје. Кабинетот на Претседателот, во рамки на своите заложби за поддршка на работата на младите креативци и претприемачи, го отстапи просторот за одржување на овој настан.

Г-ѓа Ѓоргиевска истакна дека преку поддршка на вакви активности се придонесува за поголема видливост и поддршка за иновативни пристапи во дизајнот, модата и претприемништво кај нас, особено на младинското и женското претприемништво, како и нашето културно богатство, културната одржливост и екологијата.

 „Турски културен центар „Јунус Емре“ – Скопје го препозна искрениот импулс на Тошева да ги идентификува и чествува изворните и оригинални елементи на јуручката култура и со задоволство ја поддржи нејзината работа во овој контекст. Вечерва сме сведоци на организација која ја докажува универзалноста на уметноста“- изјави г-дин Серхат Кула, директор на Турски културен центар „Јунус Емре“ Скопје.

„Богатството на нашата земја е што изобилува со разнолики културни традиции. Дијалогот и соработката меѓу нив ни даваат голема вредност. Наша обврска е да ја одржиме врската со културните традиции, работејќи на иднината со одржлив развој“- појасни Ирина Тошева.

Јавноста ќе може одблизу да ги види моделите и документарното видео во Europe House Skopje на 27.06, со почеток од 19:30 часот.

Проектот е поддржан од ЕУ СО ТЕБЕ Rapid Grants програмата и дел од проектите од Национален интерес во културата за 2022 година, од Министерство за култура.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе