ДКСК отвори предмет за набавката на софтвер од Драги Рашковски

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, потврди денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

– По изнесените информации во медиумите, денеска на нашиот колегиум отворивме предмет сметајќи дека има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, од една страна и од друга страна причината зошто тој сè уште не е во употреба. И, она што беше ризично од наш аспект, несоодветната комуникација меѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите. Тоа беа основните елементи по кои ние постапивме и по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиумите отворивме предмет, објасни Ивановска, одговарајќи на новинарско прашања по заедничкиот увид во новите простории со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Согласно процедурата, нагласи таа, прдеметот ќе биде распореден на еден од членовите и тој понатаму ќе ги бара сите потребни информации за утврдување на состојбите.

– Кога ќе бидеме готови со целото истражување, пред јавноста ги изнесуваме нашите резултати, изјави Ивановска.

Премиерот Зоран Заев вели дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој лани го набавил поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, не е без причини и оти постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат на Владата и МВР. Најави дека наредните денови ќе бидат објавени детали за набавката.

 Прво не е ништо без причина направено. Има причинско-правни последици зошто е тоа правено. Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер којшто може да се употребува во МВР. Постои писмена комуникација помеѓу двете институции – Генерален секретаријат и МВР. Спроведен е тендер со проектирани 8 милиони денари, падната е цената на некои 5 милиони денари заради наддавањето. Учествуваат компании коишто се капацитетни од Република Северна Македонија. И самиот софтвер има конечна цел – употребна вредност на улиците. Се работи за објект којшто снима 360 степени со казните, благодарение на претходни длабински анализи за потребата каков да биде. Така што јас реков овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи. Ова е правено со причина. Не ни текнало така нас, ние седејќи во Владата ќе правиме софтвер. Имало потреба за тоа заради тоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства, вели Заев.

Вицепремиерот Љупчо Николовски, најави дека Владата денеска ќе ги соопшти сите детали, факти и аргументи за целокупениот случај.

– Премиерот даде одговор. Нема после премиерот да коментирам. Дадена е насока од премиерот да се истражи, сите информации и детали денеска од Владата и Генералниот секретаријат ќе бидат соопштени. Медиумите транспарентно ќе ги добијат сите информации, изјави Николовски.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Хроника

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Read more

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Read more

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Read more

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Read more
 

Вести

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Читај повеќе

Вдовицата на Чарли Кирк бара брзо судење за убиството на нејзиниот сопруг

Читај повеќе

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Читај повеќе

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе