Длабочините на Црното Море живеат 12.000 години во минатото

Ново истражување покажува дека најдлабоките делови од Црното Море сѐ уште не се проспособиле на затоплените услови кои настанале по Леденото доба, односно живеат 12 илјади години во минатото.

Во неодамна објавена студија, научниците велат дека откриле многу динамична ситуација поврзана со развојот на Црното Море по завршувањето на последното Ледено доба. Нивните анализи на наслагите од хидрантен гас, метан заробен во водните молекули чиј физички изглед е како мраз, велат дека е задоцнет одговот на феноменот на климатски промени.

Испитувањата направени во романскиот дел од Црното Море со дупчење во длабочините велат дека одредени нивоа на слободен метан под морското дно не коренспондираат со исти такви на други локации.

„Ова ни покажува дека хидрантниот систем на длабочините од Црното Море сѐ уште одговара на климатските промени започнати по крајот на последното Ледено доба“, пишуваат научниците во нивниот труд.

Важен дел од нивната студија е посветен на „стабилната зона со хидрантен гас“ - најниската точка на која гасот природно хидрира поради температурата и притисокот.

„Од наша гледна точка, стабилноста на хидрантниот гас веќе ги достигнала потоплите услови во подповршината, но слободниот гас метан, кој секогаш е присутен во овие ниски слоеви, сѐ уште го нема почнато тој процес“, вели Мајкл Ридел, еден од коавторите на научниот труд.

Околината на Црното Море се има драстично променето од последното Ледено доба. Површината на водата е покачена за 100 метри, солена вода од Медитеранот навлегла во водата која претходно наликувала на езерска, а глобалното затоплување придонесе да се покачат и температурите на водата и во длабоките делови.

Темно сино: за време на Леденото доба; светло сино: Црното Море денес

Студијата ги потенцира комплексните реакции и временските размери на климатските промени врз морските средини, споделувајќи повеќе информации за промените кои треба да ги очекуваме од промената на климата.

Последната Ледено доба завршила пред 12 илјади години кога мразот драстучно се стопил, веројатно како полседива на метеоритот кој паднат во Мексико некаде пред 13 илјади години. Во тоа време ледената покривка го опфаќала поголемиот дел од Северна Америка, Скандинавија, северниот дел на Европа и источноевропската рамнина. Со мраз биле покриени Алпите и Хималаите, како и јужните краишта на Јужна Америка и Австралија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе