dm ќе донира повеќе од 3 милиони денари за реализација на шест проекти за унапредување на женското здравје!

Како дел од конкурсот на dm - {ЗАЕДНО} за подобро утре, компанијата ќе поддржи шест општествено одговорни проекти насочени кон благосостојбата и здравјето на жените и со тоа ќе овозможи спроведување на најдобрите иницијативи на различни здруженија и организации вредни повеќе од 3 милиони денари.

На конкурсот на dm, кој беше отворен кон средината на месец јули, а заврши на 20 август, право на учество имаа сите организации, здруженија, институции и други регистрирани правни субјекти, кои до истекот на крајниот рок ги регистрираа своите проекти преку онлајн формуларот на платформата dm-zaedno.mk. На повикот на компанијата беа пријавени повеќе од 60 проекти, а стручна жири комисија избра шест иновативни идеи кои поддржуваат различни аспекти на физичкото, менталното и социјалното здравје на жените, како и пристапот до здравствени услуги.

Одбраните проекти покриваат широк спектар на теми за подобрување на женското здравје, како пост-породилна депресија, подигнување на свеста за превентивни прегледи, здрав начин на исхрана и редовна физичка активност, зајакнување на менталното здравје, унапредување на квалитетот на животот преку влијание врз менструалната сиромаштија, како и поддршка за мајките на деца со пречки во развојот.

Сите пријавени и одбрани проекти можат да се погледнат на платформата dm-zaedno.mk.

„Горди сме и благодарни што бројни здруженија и организации ја препознаа важноста на нашата кампања за женско здравје и ги доставија своите проекти и иницијативи за поддршка на жените во областа на физичкото, менталното и социјалното здравје на нашиот отворен конкурс. Охрабрени од ова, сакаме да поддржиме проекти кои ќе придонесат за развој и имплементација на оваа тема во локалната заедница. Задоволни сме што проектите имаат одржлив карактер и што нивната реализација во иднина ќе донесе придобивки за што поголем број наши сограѓани. Сметаме дека избраните идеи ќе ја зголемат свесноста за сите важни прашања поврзани со унапредување на женското здравје“, изјавија од компанијата.

Кампањата за зачувување и подобрување на женското здравје беше лансирана во месец јули со намера да пружи поддршка за сите жени преку зајакнување на инклузивноста и рушење на воспоставените бариери во општеството. Покрај конкурсот, dm оствари и соработки со бројни експерти од различи стручни области, како фитнес инструктор и советник за исхрана, дерматолози, консултант за доење и психофизичка подготовка на трудници и психолог, со кои се обиде да ги разбие стигмите и отворено да проговори на сите теми кои ги засегнуваат жените во модерното општество. Во рамките на овие соработки беа одржани и online тренизи за физичко здравје, online обука за доење, како и бесплатни дерматолошки прегледи.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Македонија

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Read more

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Read more

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Read more

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Read more
 

Вести

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Читај повеќе

Приведени шест албански државјани во Тетовско

Читај повеќе

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Читај повеќе

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Читај повеќе

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Читај повеќе

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Читај повеќе

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Читај повеќе

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Читај повеќе

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува - нови цени на горивата

Читај повеќе