Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во Европа

Според последните податоци, досега во светот се заразени вкупно 29.859.075 лица со коронавирус. Од нив, 941.489 пациенти починале, а 21.635.922 се излекувани.

Приштина – Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани три починати лица, 76 новозаболени и 165 излекувани од COVID-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на епидемијата има 604 смртни случаи и 14.839 заразени. Болеста ја совладале вкупно 11.949 лица, така што активни се 2.286 случаи.

Тирана – Во Албанија во изминатите 24 часа дијагностицирани се 144 нови случаи со COVID-19, од 824 направени тестови. Битката со опасниот вирус ја добиле 65, додека починале тројца пациенти. Од вкупно заразените 11.816, активни на болеста се 4.740.

Софија – Во Бугарија во последните 24 часа регистрирани се 155 новозаразени со вирусот COVID-19, а починале седум лица. Вкупниот број заразени сега изнесува 18.216, од кои активни се 4.423. Излекувани се 13.057 лица, од кои 127 во последните 24 часа.

Подгорица – Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 новозаразени и три смртни случаи од COVID-19, соопшти Институтот за јавно здравје. Направени се 953 тестови.

„Вкупниот број смртни случаи поврзани со COVID-19 од почетокот на јуни е 117, а од почетокот на годината 126“, се наведува во соопштението.

Излекувани се 72 пациенти.

Вкупниот број на активни случаи на коронавирус во Црна Гора во моментов е 2.401.

Љубљана – Во последните 24 часа, преку 3.123 тестови, потврдени се нови 123 случаи на инфекција со коронавирус во Словенија, што е рекорден број од почетокот на епидемијата, соопшти денеска словенечката Влада. Во последниве недели, бројот на новозаразени постојано се зголемува, а Владата најави дека поради зголемениот број хоспитализирани, очекува реорганизација на болниците и отворање уште една, четврта Ковид-болница, за која подготовките се во тек, рече министерот за здравство Томаж Гантар.

Според Министерството за здравство, во моментов има 975 активни случаи, од кои 61 се во болница, што е многу големо зголемување во споредба со минатата недела.

Прага – Рекордни 1.677 случаи на коронавирус се пријавени денеска во Чешка, во време кога земјата се соочува со обновување на пандемијата. Вкупно 38.896 пациенти со вирусот се регистрирани досега во Чешка, земја со 10,7 милиони жители, покажуваат податоците објавени денеска од Министерството за здравство.

Братислава – Бројот на новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа во Словачка е зголемен за 92 на вкупно 5.860, соопшти денеска словачкиот Национален здравствен информативен центар.

Ова е двојно помалку од претходниот ден кога бројот на новозаразени беше 188.

Во претходните 24 часа немало смртни случаи, па вкупниот број смртни случаи од COVID-19 сè уште е 38, објави ТАСР.

Во текот на претходниот ден, во земјата се извршени 3.235 тестови, додека од почетокот на епидемијата на коронавирус направени се вкупно 393.486 тестови.

Во болниците има 141 пациент, од кои 13 се на одделенија за интензивна нега, а 14 на респиратори.  

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more

Сè за Германија? Мало морген!

Read more

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more
 

Вести

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж што на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе