Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.136.799 лица. Од нив починале 331.496, а оздравеле 2,049,565 луѓе.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се само пет новозаразени со COVID-19, со што вкупната бројка достигна 969 лица. Во исто време во списокот на излекувани се впишани 13 лица или вкупно досега битката со невидливиот непријател ја добиле 771 лице односно 80 отсто од вкупната бројка на заболени. Активни на болеста се 167 лица, а хоспитализирани се само 14, од нив тројца се на интензивна нега. Битката со  коронавирусот ја изгубиле 31 пациент, кои боледувале и од други болести. Од 20 април во Албанија нема починат од коронавирус. Со последно направени 204 тестови, досега вкупно се тестирани 13.825 сомнителни случаи.

– Само еден нов случај на COVID-19 од анализирани  2.647 примероци во изминатите 24 часа соопшти Министерството за здравство на Кипар. Од почетокот на епидемијата, заразени со новиот коронавирус се 923 лица.

– Уште две лица во Грција починаа од COVID-19, а денеска беа соопштени три нови случаи. Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 2.853 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 168 лица.

– Во изминатите 24 часа во Хрватска се региситрирани три нови случаи на заразазени. Вкупниот број на заразени во државата е зголемен на 2.237. Еден човек го загуби животот со што вкупниот број на смртни случаи е 97.

-Бројот на лица кај кои е откриено присуството на новиот коронавирус во Косово надмина илјада, откако, според последниот официјален извештај, вчера беа потврдени 14 новозаболени од COVID-19. Во истиот период, регистрирани се и три новооизлекувани и ниеден починат. Од 1.003 лица кои беа позитивни на новиот коронавирус од појавата на епидемијата во Косово, вкупно се излекувани 772 лица, а имаше и 29 смртни случаи, од кои последниот е на 12 мај. Според овие податоци, активни заразени во земјата моментално се 202 лица. Во текот на верашниот ден, на кој се однесува последниот извештај на косовските здравствени власти, извршени се тестирања на 208 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а вкупно, од појавата на епидемијата се тестирани 12.406 лица.

– САД со 1.570.583 потврдени случаи се држава со најмногу заразени. Следуваат Русија (308.705), Шпанија (278.803), Бразил (271.885), Велика Британија (248.818), Италија (226.699), Франција (180.809), Германија (177.827) и Турција (151.615). Останати држави со повеќе од 50.000 потврдени случаи на заразени со COVID-19 се Иран (124.603), Индија (106.886), Перу (99.483), Кина (82.965), Канада (79.112), Саудиска Арабија (59.854), Белгија (55.791) и Мексико (54.346).

– Секое шесто дете во Шпанија се чувствувало депресивно за време на епидемијата на коронавирусот, при што повеќе погодени се оние од посиромашните семејства. Шпанија воведе еден од најстрогите карантини во светот, вклучително и дека децата не можеа да ги напуштат своите домови четири недели. „Save the children“ соопшти дека истражувањето во април открило дека и покрај тоа што семејствата поминуваат повеќе време заедно, 17 проценти од децата се чувствуваат депресивно на дневна или честа основа и дека карантинот ги истакнува економските нееднаквости. Во повеќето сиромашни семејства, 32,3 проценти од децата имале потешкотии во спиењето, а 30,1 процент се плашелеод COVID-19, речиси третина повеќе отколку во побогатите семејства. Посиромашните деца, исто така, почесто плачеле, покажа студија заснована на повеќе од 1.800 интервјуа со деца и нивните семејства. „Save the Children“ вели дека секое четврто ранливо семејство доживеало загуба на работното место или пад на приходите, што предизвикало децата да се чувствуваат тензично и несигурно.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе