Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот има 10.326.158 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 505.956, а оздравеле 5.600.574 луѓе.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 15 нови случаи од COVID-19, со што бројот на заразени се зголеми на 3.390 лица.

-На Кипар од направени 1.290 тестови во изминатите 24 часа се регистрирани два нови случаи на COVID-19. Бројот на заразени се зголеми на 996 лица.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 64 нови случаи со COVID-19, со што вкупната бројка се зголеми на 2.466. Од почетокот на пандемијата битката со опасниот вирус ја добиле 1.438 лица, ја изгубиле 58, додека активни на болеста се 970 лица, од нив болнички се лекуваат 84, од кои 11 се на интензивна терапија.

– Во Русија во текот на претходниот ден се регистрирани 6.719 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заболени се зголеми на 641.156 од почетокот на пандемијата. Во истиот период починале 93 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 9.116. Од почетокот на пандемијата оздравеле 403.430 пациенти.

– Во Јужна Кореја потврдени се 42 нови случаи на COVID-19, со што вкупниот број на заразени достигна 12.757. Од почетокот на епидемијата починале 282 луѓе.

– Во Бугарија во последните 24 часа потврдени се 66 нови случаи на COVID-19, објави националниот портал за информации за коронавирусот. Во текот на изминатите 24 часа, тестирани се 1.034 примероци. Од 4.691 потврдени случаи на коронавирус во Бугарија починале 219 луѓе.

– Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје во Црна Гора има 17 новозаразени лица со коронавирус од 243 тестирани примероци, а најмногу, девет, се во Подгорица. Регистрирани се и два смртни случаи.

– Во Јапонија во изминатите 24 часа регистрирани се 112 нови случаи на коронавирус, што е најголемото дневно зголемување од 25 мај кога е укината вонредната состојба. Во истиот период починало едно лице, соопшти Министерството за здравство на земјата.

– Кина пријави 12 нови случаи на COVID-19, додека претходниот ден имаше 17. Кинеската национална здравствена комисија објави дека пет нови случаи на COVID-19 се т.н. увезени инфекции поврзани со патници од странство. Пријавени се седум локални инфекции во главниот град Пекинг. Пекинг тестираше околу една третина од населението, како дел од напорите на градските власти да го спречат ширењето на коронавирусот.

– Во Мексико се потврдени уште 4.050 случаи на коронавирус, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број на заразени во земјата сега е 216.852. Во последните 24 часа починале уште 267 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 26.648. 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе